YouVersion Logo
Search Icon

Излез 37

37
Ковчегот на заветот
1 # 30,6; 31,2; 39,35; 5 Мојс 10,3 И направи Веселеил од дрвото шитим ковчег, два и пол лакти долг, еден и пол лакот широк и лакот и пол висок; 2#37,11.26го опкова однатре и однадвор со чисто злато и му направи златен венец наоколу; 3излеа за него четири алки од злато за четирите негови агли: две алки за едната негова страна, и две за другата; 4направи лостови од дрвото шитим и ги опкова со злато; 5и ги спровре лостовите низ алките од обете страни на ковчегот, за да може ковчегот да се носи. 6#26,34; 31,7; Евр 9,5Потоа направи капак од чисто злато: во должина – два и пол лакти; во ширина – лакот и половина. 7#Ез 41,18Направи и два херувима од злато; ги направи исковани на двата краја од капакот; 8едниот херувим на едниот крај, а другиот херувим на другиот крај; херувимите ги направи да се издаваат од обата краја на капакот. 9#Евр 9,5И херувимите беа со раширени крилја, одозгора, и со крилјата свои го покриваа поклопецот – чистилиште, а со лицата свртени еден спрема друг, и насочени кон чистилиштето.
Трпезата со принесените пред Бога лебови
10 # Евр 9,2 Направи и трпеза од дрвото шитим, со должина од два лакти и ширина од лакот, а лакот и половина во височина. 11#37,2И ја опкова со чисто злато, и наоколу ѝ направи златен венец; 12потоа ѝ направи страници наоколу, колку дланка широки, а по страниците ѝ направи златен венец. 13Излеа за неа четири алки од злато, и алките ги прицврсти на четирите агли при четирите нозе, 14#37,27на страниците имаше алки, низ кои беа проврени лостови, за да може трпезата да се носи. 15А лостовите ги направи од дрвото шитим, за носење на трпезата, и ги покри со злато. 16Потоа направи садови од чисто злато, определени за трпезата: чинии, кадилници, чаши и црпки, со кои ќе се прелива.
Светилникот со седум стебла
17 # Евр 9,2; Откр 1,12 Направи и светилник од чисто злато, кован го направи: стеблата и гранките, чашките, јаболчињата и цветовите му излегуваа од него. 18Шест гранки му излегуваа од стра­ните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки на другата страна од светилникот; 19три чашки како бадемов цвет со јаболче и цветови имаше на едната гранка, а три чашки како бадемов цвет со јаболче и цветови на другата гранка; така беше на сите шест гранки што излегуваа од светилникот. 20А на самиот светилник имаше стеб­ло со четири чашки како бадемов цвет со јаболчиња и цветови: 21едно јаболче беше под двете гранки од него, и едно јаболче под другите две гранки од него; така и под третите две гранки од шест гранки што излегуваа од него. 22#37,17; 4 Мојс 8,4Јаболчињата нивни и гранките нивни излегуваа од него; целиот беше искован од чисто злато. 23#40,4.25И му направи седум кандилца, а и штипки и пепеларки од чисто злато; 24од кикар чисто злато го направи со сиот негов прибор.
Жртвеник за кадење
25 # 27,2; 30,34-36; Лк 1,11; Евр 9,4; Откр 8,3; 9,13 И направи жртвеник за кадење од дрвото шитим: лакот долг и лакот широк, четириаголен, два лакти висок; и од него му излегуваа роговите; 26па го опкова со чисто злато одозгора и страните наоколу, а и неговите рогови; му направи и златен венец наоколу; 27#37,14и две алки од злато му направи под венецот на двата агли негови, ги направи од двете негови страни, за да се спроврат низ нив лостовите, за да може да се носи. 28#25,13Лостовите ги направи од дрвото шитим, и ги опкова со злато. 29#31,11; 39,38И направи масло за свето пома­за­ние и мирисно кадиво, чисто, со веш­тина на мироварец.

Currently Selected:

Излез 37: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in