YouVersion Logo
Search Icon

Проповедник 12

12
1И спомнувај си за твојот Тво­рец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови, додека не настанале години, за кои ќе речеш: „Не ми се мили“; 2додека сонцето и светлината на месечината и на ѕвездите не потемнеле, и не дошле нови облаци по дождот; 3додека не настапил оној ден, кога куќните стражари ќе затреперат, и силните мажи ќе се подгрбават, кога воде­ничките ќе престанат да мелат, бидејќи останале малку; кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорец; 4кога портата ќе почне да се затвора; кога ќе замолкне шумот на рачните мелници, и кога човек ќе почне да ста­нува на птичји глас, и ќерките – пејачки ќе сопрат да пеат; 5кога висините за нив ќе бидат страшни, и по патот ќе има ужаси; кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежок, и желбата ќе помине; за­што човекот заминува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкру­жуваат по улица; 6додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не пад­не тркалото на бунарот. 7#3,20И ќе се врати правот во земјата, ка­ко што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал. 8#1,2Суета над суетите, вели проповедникот, сѐ е суета!
Заклучок
9Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на муд­рост. Тој сѐ испитуваше, изучу­ваше и остави многу мудри изреки. 10Проповедникот се трудеше да најде убави мисли и точно ги запиша зборо­вите на вистината. 11Зборовите на мудреците се како остени; како забиени клинци се ни­вните зборови, дадени од единствениот Пас­тир. 12А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги – тоа нема крај, а да читаш многу – и тоа е заморно за телото. 13А суштината на сѐ е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди, за­што тоа му е сета должност на човекот; 14#3,17зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in