2 Тимотеј Вовед
Вовед
Второто послание до Тимотеј се чини дека е напишано во Рим (1,17). Павле таму се соочува со ропство (2,9) и се чувствува изолиран (4,10, 16). Дојден на крајот од сопственото делување (4,6), ги упатува своите препораки до оној кој за него бил соработник полн со љубов (1,2).
Апостолот започнува со благодарност кон Бога за љубовта и верата на Тимотеј. Во согледувањето на страдањата и спротивставувањата на кои наидуваат служителите на Евангелието, тој му препорачува на Тимотеј да биде полн со цврстина во докажувањето и соборството со храброст „како добар војник на Исус Христос“ (2,3). Тој го притиска да внимава на оние кои предизвикуваат празни расправии, кои не служат за ништо и оддалечуваат од верата. Тој го повикува да го следи неговиот пример и го поканува да остане верен во поучувањето од Светото Писмо, кое тој го примил уште од неговата младост (2,14–4,5). На крајот од своето послание, апостолот ја спомнува драматичната лична состојба постојано изразувајќи Му благодарност на Господ што му помага (4,6-22). Апостолот покажал уште од почетокот добра волја во служба на Евангелието (4,7). За сето време, читателите на посланието се повикуваат да ја бијат истата битка, без стравување од непријателството на противникот, во вера, стрпливост, љубов и истрајност.
Currently Selected:
2 Тимотеј Вовед: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006