YouVersion Logo
Search Icon

2 Тимотеј 1

1
Поздрав
1 # Рим 1,1 Павле, апостол на Исус Христос по волјата Божја, според ветувањето на животот, животот во Христос Исус, 2до Тимотеј, возљубеното чедо. Бла­годат, милост и мир од Бог Отецот и од Христос Исус, нашиот Господ!
Благодарност и поттик кон верност
3 # Дела 23,1; 24,16; Рим 1,9; Фил 3,5 Му благодарам на Бога, Кому уште од прародителите Му служам со чиста совест, додека постојано те споменувам во молитвите свои дење и ноќе; 4#4,9.21сеќавајќи се за твоите солзи, копне­ам да те видам, за да се исполнам со ра­дост, 5#3,14-15; Дела 16,1спомнувајќи си за нелицемерната ве­ра кај тебе, која најпрвин се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евни­ка, а убеден сум дека ја има и во тебе. 6#1 Тим 4,14Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.
Поттик на верна битка за Евангелието
7 # Рим 8,15; 1 Јн 4,18 Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност. 8#Лк 9,26; Рим 1,16; Ефес 3,13И така, не срамувај се од сведо­че­ње­то за нашиот Господ Исус Христос, ни­ту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бо­га, 9#Рим 8,28; Ефес 2,8-9; Тит 3,5Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња, 10#Рим 6,9; 8,2; 1 Кор 15,54-57; Ефес 1,9.10; Тит 2,11; 3,4; Евр 2,14-15а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието, 11за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на незнабошците. 12#1 Кор 1,8Затоа и го трпам тоа; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој е моќен мојот залог да го запази за оној ден. 13#1 Тим 6,3Имај ги, како пример, здравите збо­рови што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христос Исус! 14#Рим 5,5; 1 Тим 6,20Запази го добриот залог преку Све­тиот Дух, Кој живее во нас!
За вистинското пријателство
15 # 4,16 Го знаеш тоа дека мене ме напуш­тија сите во Азија, меѓу кои и Фигел и Ермоген. 16#4,19Господ нека му даде милост на до­мот на Онисифор, зашто многупати ме успокои и не се посрами од моите око­ви. 17А, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде. 18Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден! А колку служеше тој во Ефес, ти тоа најдобро го знаеш.

Currently Selected:

2 Тимотеј 1: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for 2 Тимотеј 1