YouVersion Logo
Search Icon

2 Солуњаните 1

1
Поздрав
1 # Дела 15,22; 16,1; 1 Сол 1,1 Павле, Силван и Тимотеј до црк­вата на Солуњаните во Бог Отецот наш и Господ Исус Христос: 2#Рим 1,7благодат вам и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос!
Праведниот Божји Суд
3 # 1 Сол 1,2; 3,6.12 Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша не­обично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува, 4#1 Кор 1,2; 2 Кор 7,4; 1 Сол 2,19-20; 1 Тим 6,11; Откр 1,9така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате: 5#Мт 4,17; 5,10; Лк 20,35; 1 Сол 2,12.14тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате. 6#Фил 1,28; Откр 18,6-7Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа, 7#1 Кор 1,7; 1 Сол 3,13; 4,16а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила, 8#2 Мојс 3,2; Ис 66,4.15; Ер 10,25; Пс 79,6; Дан 7,9-11; Рим 1,5; 10,16; 1 Птр 4,17во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на на­шиот Господ Исус Христос. 9#Ис 2,10.19.21Тие со вечна погибел ќе бидат каз­не­ти далеку од лицето на Господ и од сла­вата на Неговата моќ, 10#Ис 2,11-17; Пс 68,34; 89,8; Кол 3,4; 1 Сол 2,12; 3,13кога ќе дојде Тој за да биде прос­ла­вен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што по­ве­руваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво. 11#Фил 2,13; Кол 1,9; 1 Сол 1,3Затоа и се молиме секогаш за вас да ве удостои нашиот Бог за звањето и да ја исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата, 12#Ис 24,15; 66,5; Мал 1,11; Јн 17,22.24та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господ Исус Христос.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in