YouVersion Logo
Search Icon

2 Солуњаните 2

2
Човекот на беззаконието
1 # Мт 24,31; 1 Кор 15,23 А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање кај Него, ве молам, браќа, 2#3,17; Мк 13,7; 1 Кор 1,8; 1 Сол 2,19; 3,13; 4,15-17; 5,2.4да не се поколебате лесно во мисли­те свои и да ве обзема ужас, било поради некој дух, било поради некој збор, или преку послание, небаре како од нас испратено, дека божем веќе настапил Христовиот ден. 3#Јн 17,12; Ефес 5,6-8; 1 Тим 4,1; Откр 13,5Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта, 4#Ис 14,13; Ез 28,2; Дан 7,25; 8,25; 11,36; Откр 13,5кој се противи и се превознесува над сѐ што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог. 5#1 Сол 3,4Не помните ли дека уште кога бев кај вас ви зборував за тоа? 6#Откр 20,7-10Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време. 7#Мк 13,10Тајната на беззаконието веќе деј­ствува, само тоа нема да биде извршено додека не се оттргне оној што ја задр­жу­ва сега; 8#Ис 11,4; Пс 32,6; Јов 4,9; Откр 19,11-21тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ (Исус) ќе го убие со здивот на устата Своја и преку појавата на Своето доаѓање ќе го истреби. 9#Мт 24,24; Јн 4,48; Откр 13,13Доаѓањето на тој беззаконик ќе биде по дејство на сатаната, со секаква сила и знаци и лажни чудеса, 10#Мт 24,12; Јн 8,34-44; 1 Кор 1,18; Ефес 2,2и со секакво неправедно измамува­ње меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле. 11#1 Цар 22,22; Ис 6,10; Јн 3,19; Рим 1,28; 2 Тим 4,4И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата, 12#Јн 9,39та да бидат осудени сите кои не по­веруваа во вистината, а ја засакаа не­правдата.
Цврстина во верата
13 # 1,3; Јн 15,16; Ефес 1,4; 1 Сол 1,2; 2,13; 1 Птр 1,2 Ние, пак, сме должни да Му благодариме на Бога за вас секогаш, воз­љу­бе­ни од Господ браќа, затоа што од по­че­токот, преку осветувањето од Светиот Дух и преку верата во вистината, Бог ве избра за спасение, 14#1 Сол 2,12; 4,7; 5,9кон кое ве повика преку нашето Евангелие за да ја придобиете славата на нашиот Господ Исус Христос. 15#3,6; 1 Кор 11,2; 16,13И така, браќа, стојте и држете ги преданијата што ги научивте било пре­ку нашето слово, било преку нашето послание. 16#1 Сол 3,11; 1 Птр 1,3А сам Господ наш, Исус Христос, и Бог и Отец наш, Кој нѐ возљуби и преку благодатта Своја ни даде вечна утеха и добра надеж, 17#1 Сол 3,12-13нека ги утеши срцата ваши и да ве утврди во секое слово и добро дело!

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in