YouVersion Logo
Search Icon

1 Царевите 22

22
Ахав подготвува поход на градот Рамот
(2 Лет 18,1-3)
1Изминаа три години, без војна меѓу Арам и Израел. 2На третата година јудејскиот цар Јосафат дојде кај израелскиот цар. 3#5 Мојс 4,41-43Израелскиот цар им кажа на слу­гите свои: „Знаете ли дека Рамот во Га­лаад е наш? А ние толку долго молчиме и не го земаме од рацете на арамејскиот цар.“ 4#2 Цар 3,7И му рече на Јосафат: „Ќе појдеш ли со мене во војна против Рамот во Галаад?“ Јосафат му одговори на из­ра­ел­скиот цар: „Како што одиш ти, така и јас; како твојот народ, така и мојот на­род; како твоите коњи, така и моите.“
Лажни пророци претскажуваат успех
(2 Лет 18,4-11)
5 # 20,14; Суд 1,1; 20,18; 1 Сам 14,37; 23,2-4; Ер 21,2 Јосафат уште му рече на израелскиот цар: „Прашај денес што ќе каже Господ.“ 6Израелскиот цар ги собра тогаш пророците – околу четиристотини души – и ги праша: „Да одам ли во војна против Рамот Галаадски, или не?“ Тие од­говорија: „Оди, Господ ќе го предаде во рацете на царот.“ 7#2 Цар 3,11Јосафат праша: „Нема ли тука уште некој пророк Господов, та преку него да Го прашаме Господ?“ 8Израелскиот цар му одговори на Јосафат: „Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас не го сакам него, зашто не пророкува за мене добро, туку само зло, – тој е Михеј, синот на Јимла.“ Јосафат рече: „Царе, не говори така.“ 9Израелскиот цар повика еден дворјанин и рече: „Оди поскоро по Јимлае­виот син Михеј!“ 10Израелскиот цар и Јосафат, јудеј­скиот цар, седеа секој на своето се­диште, облечени во царска облека, на плоштадот пред портите на Самарија, и сите пророци пророкуваа пред нив. 11Ќенаановиот син Седекија си направи железни рогови и рече: „Вака вели Господ: со овие ќе ги бодеш Ара­мејците, додека да ги истребиш.“ 12И сите пророци го пророкуваа ис­тото, велејќи: „Оди против Рамот Га­лаадски; ќе има успех; Господ ќе го предаде во рацете на царот.“
Пророкот Михеј претскажува пораз
(2 Лет 18,12-27)
13 # Ис 30,10 Гласникот, кој беше отишол да го повика Михеј, му рече: „Еве, зборовите на пророците едногласно му претска­жуваат добро на царот; и твојот збор нека биде согласен со зборот на секој од нив; искажи и ти добро.“ 14#4 Мојс 22,18Михеј одговори: „Се колнам во Господ! Ќе го кажам она што ќе ми каже Господ.“ 15Кога дојде кај царот, овој го праша: „Михеј, да одиме ли во војна против Рамот Галаадски, или не?“ А тој му одговори: „Оди, ќе има успех; Господ ќе го предаде во рацете на царот.“ 16Тогаш царот му рече: „Пак ли да те заколнувам да не говориш ништо, освен вистината во името на Господ?“ 17#4 Мојс 27,17; Ер 10,21; 23,1-2; Ез 34,5-6; Мт 9,36Тој одговори: „Ги гледам сите Из­раелци распрснати по горите како овци, кои немаат пастир, зашто Господ рече: ‚господар немаат; секој нека се врати со мир во домот свој.‘“ 18Израелскиот цар му рече на Јоса­фат: „Нели ти реков дека тој не пророкува добро за мене, туку само лошо?“ 19#Ис 6,1; Пс 11,4; Јов 1,6; Откр 4,2-4А Михеј одговори и рече: „Не така, ислушај го словото Господово; Го видов Господ како седи на Својот пре­стол, и целата небесна војска стоеше по­крај Него десно и лево; 20и Господ рече: ‚Кој ќе го наговори Ахав да оди и да падне во Рамот Га­лаадски?‘ И еден велеше вака, а друг инаку; 21еден дух, пак, истапи, застана пред лицето на Господ и рече: ‚јас ќе го наго­ворам!‘ А Господ го праша: ‚Како?‘; 22#Ез 13,7; 14,9Тој одговори: ‚ќе излезам и ќе ста­нам дух што лаже во устата на сите негови пророци.‘ Господ рече: ‚ти ќе го наговориш и ќе го исполниш тоа‘; оди и направи така. 23И, ете, Господ сега допушти лаж­лив дух во устата на сите тие твои пророци; но Господ искажа за тебе лошо.“ 24А Ќенаановиот син Седекија се доближи, го удри Михеј по устата, и рече: „Како, зар излезе од мене Духот Господов за да говори во тебе?“ 25Михеј одговори: „Ете, ти ќе го согледаш тоа во оној ден, кога ќе бегаш од една соба во друга за да се сокриеш.“ 26Тогаш израелскиот цар рече: „Зе­мете го Михеј и одведете го кај заповед­никот на градот Амон и кај царскиот син Јоас. 27#Ер 20,1-2; Мт 14,3; Дела 4,3; 5,18; 16,23И кажете: вака вели царот: ‚Затворете го овој во темницата и хра­нете го со малку леб и вода, додека не се вратам со мир.‘“ 28#5 Мојс 18,22; Ер 28,9А Михеј рече: „Ако се вратиш со мир, тогаш Господ не зборувал преку мене.“ И рече: „Чујте, сите луѓе!“
Смртта на Ахав
(2 Лет 18,28-34)
29Потоа израелскиот цар и Јосафат, јудејскиот цар, тргнаа за Рамот во Галаад. 30#14,2Израелскиот цар му рече на Јоса­фат: „Јас ќе се преоблечам и ќе влезам во борба, а ти облечи си ги царските алишта.“ И израелскиот цар се преоблече и влезе во борба. 31А арамејскиот цар им заповеда на заповедниците над колите, на број беа триесет и двајца, велејќи: „Не бијте се ниту со мал, ниту со голем, туку само со израелскиот цар.“ 32Заповедниците над колите кога го видоа Јосафат, помислија, бездруго, тоа е израелскиот цар, и се свртеа против него за да се удрат со него. Но Јосафат почна да вика. 33И заповедниците на бојните коли, кога видоа дека тој не е израелскиот цар, се иставија од него. 34А еден човек случајно го запна лакот и го рани израелскиот цар низ шевовите на оклопот. А царот му рече на својот колар: „Врти назад и извади ме од војската, бидејќи сум ранет.“ 35Но во тој ден борбата се засили, и царот стоеше во колата спроти Ара­мејците, а вечерта умре; крвта од раката се слеваше по колата. 36И кај зајдисонце беше објавено по целиот логор: секој да си оди во градот свој, секој – во земјата своја. 37Така умре царот и беше донесен во Самарија, и го погребаа царот во Самарија. 38#21,19Колата ја измија на самарјанскиот извор, каде што се миеја блудниците, и кучињата ја лижеа крвта негова, според словото на Господ, што Тој го изрече. 39Другите дела на Ахав и сѐ што бе­ше направил, и куќата од слонова коска што ја изгради, и сите градови што ги изгради, се опишани во летописите на израелските цареви. 40Ахав почина кај татковците свои, а место него стана цар синот негов Охо­зија.
Јосафат, цар на Јудеја
(2 Лет 20,31–21,1)
41Јосафат, синот на Аса, стана цар над Јудеја во четвртата година од вла­деењето на израелскиот цар Ахав. 42Јосафат беше на триесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Еру­салим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, ќерка на Шилхиј. 43Во сѐ тој врвеше по патот на својот татко Аса, не се отклонуваше од него, правејќи го она што е правилно пред очите на Господ; но не ги отстрани жртвениците на идолите, а народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше на тие жртвеници. 44Јосафат склучи мир со израелскиот цар. 45#22,4; 2 Цар 3,7Јосафат склучи мир со израелскиот цар. 46Другите дела на Јосафат и подви­зите негови што ги изврши, и како војувал, се опишани во летописите на јудејските цареви. 47И сите блудници што беа останале од времето на татко му Аса, тој ги ис­треби од земјата. 48Во Едом тогаш немаше цар; имаше царски намесник. 49Царот Јосафат изгради кораби од таршишки тип на морето за да оди во Офир по злато; но тие не стигнаа до таму, бидејќи се разбија во Ецјон-Ге­вер. 50Тогаш Охозија, синот на Ахав, му рече на Јосафат: „Нека одат моите слуги со твоите слуги на корабите“, но Јосафат не сакаше. 51Јосафат почина кај своите татковци, и беше погребан кај своите предци во градот на неговиот татко Давид. Не­го го наследи неговиот син Јорам. 52Охозија, синот на Ахав, почна да владее над Израел во седумдесеттата година од царувањето на Јосафат над Јудеја. Тој царуваше две години над Израел. 53Но, тој правеше зло пред очите на Господ, и одеше по патот на својот татко и на својата мајка и по патот на Јеровоам, синот на Нават, кој го наведе Израел на грев. 54Тој му служеше на Ваал и му се поклонуваше, Го разгневуваше Господ, Бог на Израел, исто така, како што постапуваше и неговиот татко.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in