YouVersion Logo
Search Icon

1 Царевите 21

21
Царот Ахав допушта убиство за Навутеј
1По тие настани еве што се случи: јизреелецот Навутеј имаше во Јизреел лозје до дворецот на самарјанскиот цар Ахав. 2#1 Сам 8,14Ахав му рече на Навутеј, велејќи: „Дај ми го лозјето свое; тоа ќе ми биде овоштарник, бидејќи е близу до мојот дом, а место него ќе ти дадам поубаво лозје од тоа, или, ако сакаш, ќе ти дадам сребро, колку што чини тоа.“ 3#3 Мојс 25,13; 4 Мојс 36,7; Ез 46,18Но Навутеј му одговори на Ахав: „Да не даде Господ да ти го дадам наследството од предците свои.“ 4Ахав се врати во домот свој вознемирен и огорчен од зборовите што му ги беше кажал јизреелецот Навутеј, велејќи: „Нема да ти го дадам наследството од предците свои!“ Тој легна на својата постела, го покри лицето и не јадеше леб. 5Кај него влезе жена му Језавела и му рече: „Зошто си збркан со духот, па и леб не јадеш?“ 6Тој ѝ одговори: „Кога му спомнав на јизреелецот Навутеј и му реков: ‚дај ми го лозјето за сребро, или, ако сакаш, да ти дадам друго лозје место него‘, – тој ми одговори – не ти го давам лозјето свое, наследство од предците мои.“ 7Тогаш жена му Језавела му рече: „Нели ти си сега цар во Израел? Стани, јади леб и биди спокоен; јас ќе го земам лозјето од јизреелецот Навутеј.“ 8#Изреки 1,10-15И таа напиша писма од името на Ахав, ги запечати со неговиот печат и ги испрати до старешините и големците што живееја со Навутеј, во градот негов. 9Во писмата таа пишуваше вака: „Об­јавете пост и поставете го Навутеј пред народот; 10#Мт 18,16и спроти него ставете двајца лоши луѓе што ќе сведочат против него и да кажат: ‚Ти хулеше на Бога и на царот.‘ И потоа изведете го и убијте го со камења, та да умре.“ 11Тогаш мажите на неговиот град, старешините и големците што живееја во градот негов, направија како што им заповеда Језавела, така, како што беше напишано во писмата што го беше испратила до нив. 12Објавија пост и го поставија Навутеј пред народот; 13па излегоа двајца лоши луѓе, седнаа спроти него и сведочеа против него пред народот и велеа: „Навутеј хули на Бога и на царот.“ Па го изведоа надвор од градот, го убија со камења, и тој умре. 14Испратија да ѝ кажат на Језавела: „Навутеј е убиен со камења и умре.“ 15Кога слушна дека Навутеј е убиен со камења и умрел, Језавела му рече на Ахав: „Стани и завладеј со лозјето на јизреелецот Навутеј, кој не сакаше да ти го даде за сребро, бидејќи Навутеј го нема меѓу живите, тој умрел.“ 16#Мих 2,1-2Кога слушна дека јизреелецот Навутеј бил убиен, Ахав стана и отиде во лозјето на јизреелецот Навутеј да го запоседне.
Бог ја осудува постапката на Ахав и Језавела
17Тогаш словото Господово беше упа­тено кон Илија тишбиецот: 18„Стани и пресретни го израелскиот цар Ахав, кој е во Самарија, – ете, сега е во лозјето на Навутеј, каде што дошол да го запоседне, – 19#22,35-38; 2 Мојс 20,13; 2 Цар 9,25-26и кажи му: вака вели Господ: ‚ти си убил, и уште си грабнал наследство!‘ И кажи му: вака вели Господ: ‚на она мес­то, каде што кучињата ја лижеа крвта на Навутеј, кучињата ќе ја лижат и твојата крв.‘“ 20Ахав му рече на Илија: „Ти ме најде, мој непријателе!“ Тој рече: „Те најдов, бидејќи ти се продаде за да пра­виш злодела пред очите на Господ и да Го гневиш. 21#2 Цар 10,1-11Вака вели Господ: ете, ќе ти испра­там казна, ќе го уништам твоето потомство, истребувајќи откај Ахав сѐ што е машко – и оној што е роб, и оној што е слободен во Израел; 22и ќе постапам со твојот дом така, како што постапив со домот на Нава­товиот син Јеровоам и со домот на Ахиевиот син Баша, за наскрбувањето, со што ти ме раздразни и го наведе во грев Израел.“ 23#2 Цар 9,10.33-36И за Језавела Господ рече: „Кучи­њата ќе ја изедат Језавела зад јизреелските ѕидови; 24и кој од Ахавовиот дом ќе умре во градот, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птиците небески ќе го исколваат; 25уште немало таков како Ахав, кој се продаде за да прави злодела пред очите на Господ, бидејќи така го наговараше жена му Језавела; 26тој постапуваше многу гнасно, сле­дејќи ги идолите, како што правеа Амо­рејците, кои Господ, ги изгони од пред лицето на Израеловите синови.“
Ахав искажува понизност за својата постапка
27Откако ги ислуша сите тие зборови, Ахав тажеше пред Господ, одеше пла­чејќи, ја раскина облеката своја, го покри телото свое со вреќиште, посте­ше и спиеше во вреќиште и одеше на­жален. 28И дојде слово Господово кон Илија од Тишбе. И Господ рече: 29#11,12; 2 Сам 12,13-15; 2 Цар 20,2-5„Виде ли, се понижи Ахав пред Мене? Затоа што така се понижи пред Мене, Јас нема да му испратам зло во неговите дни, туку во дните на синот негов ќе пратам зло врз неговиот дом.“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in