YouVersion Logo
Search Icon

1 Царевите 2

2
Последните Давидови пораки
1Наближи времето да умре Давид, и тој му заповеда на синот свој Соло­мон, велејќи: 2#Ис.Н. 23,14„Еве, јас заминувам по патот на сите смртни, а ти биди храбар и човек, 3#5 Мојс 8,6и чувај го заветот на Господ, твојот Бог, одејќи по Неговите патишта и да ги чуваш повелбите Негови и запове­дите Негови, судовите Негови и зако­ните Негови, како што е напишано во Мојсеевиот закон за да бидеш благораз­умен во сѐ што и да правиш и насекаде, каде и да се свртиш, 4#2 Сам 7,12-16та Господ да го исполни зборот Свој што го беше кажал за мене, велејќи: ‚Ако твоите синови ги чуваат патиш­тата свои за да одат пред Мене во вис­тината од сѐ срце и од сета душа, нема да недостига човек од тебе на Израе­ловиот престол.‘ 5Но ти знаеш што ми направи Саруевиот син Јоав, како постапи со двајцата војводи на израелската војска, со Нировиот син Авенир и со Јетеро­виот син Амаса, како ги уби и во мирно време пролеа крв како во војна, и со борбена крв го искрвави појасот на крс­тот свој и обувките на нозете свои; 6а ти постапувај според својата муд­рост, и не оставај го да умре спокојно од старост. 7#18,19; 2 Сам 9,10-13; 2 Цар 25,29-30А на синовите од галаадчанецот Верзелиј направи им милост, и нека би­дат меѓу оние што се хранат на твојата трпеза, бидејќи ми излегоа во пресрет, кога бегав од братот твој Авесалом. 8#2 Сам 16,5-8Ете, со тебе е и Семеј, синот на Ве­нијаминецот Гера од Бахурим; тој ме колнеше со тешки клетви, во денот кога одев во Маханаим; но тој ми излезе во пресрет кај Јордан, и јас Му се заколнав во Господ, велејќи: нема да те погубам со меч. 9#2 Сам 19,18-23Но ти не го оставај неказнет, би­дејќи си мудар човек и знаеш што треба да направиш со него за да ја симнеш не­говата седа глава окрвавена во пе­колот.“
Давид умира. Соломон го наследува
(1 Лет 29,26-28)
10И потоа Давид почина кај татков­ците свои и беше погребан во Давидо­виот град. 11#2 Сам 5,4-5; 1 Лет 3,4А Давид царуваше над Израел четириесет години: во Хеврон царува­ше седум години и во Ерусалим царуваше триесет и три години. 12Тогаш Соломон седна на престолот на татко си Давид, и царството негово се зацврсти многу.
Соломон се ослободува од Адонија
13А Адонија, Агитиниот син, дојде кај Витсавеја, Соломоновата мајка. Таа го праша: „Со мир ли си дојден?“ Тој одговори: „Со мир.“ 14И тој рече: „Имам нешто да ти ка­жам.“ Таа му рече: „Кажувај.“ 15#1 Мојс 4,5; 25,23; 1 Сам 16,6-13; Рим 9,13Тогаш тој продолжи: „Ти знаеш де­ка царството ми се паѓаше мене, и сиот Израел ги свртуваше погледите кон ме­не, како кон иден цар; но царството отиде од мене и се падна на братот мој, бидејќи тоа беше од Господ. 16Сега те молам за едно: не ми отка­жувај.“ Таа му рече: „Говори.“ 17И тој пак продолжи: „Те молам проговори му на царот Соломон, би­дејќи тој нема да ти откаже, да ми ја даде за жена Сунамитката Авишага.“ 18Витсавеја одговори: „Добро, јас ќе зборувам со царот за тебе.“ 19#15,13; Ер 13,18; Пс 45,9; 110,1И Витсавеја влезе кај царот Соло­мон да му говори за Адонија. Царот стана пред неа, ѝ се поклони и седна на престолот свој. Поставија престол и за царевата мајка, и таа седна десно од него; 20и рече: „Имам една молба кон тебе, не ми откажувај.“ А царот ѝ одговори: „Барај, мајко, нема да ти откажам.“ 21Таа рече: „Дај му ја Сунамитката Авишага за жена на братот твој Адо­нија.“ 22Тогаш царот Соломон одговори и ѝ рече на мајка си: „А зошто ја бараш Сунамитката Авишага за Адонија? По­барај го за него и царството, бидејќи тој ми е поголем брат, а откај него се и свештеникот Авијатар и Саруевиот син Јоав.“ 23И царот Соломон се заколна во Гос­под, велејќи: „Нека Господ ми испрати голема казна и уште повеќе да ми додаде, ако Адонија не ги кажал тие зборови по цена на душата своја. 24А сега – се колнам во Господ, Кој ме зацврсти и постави на престолот од мојот татко Давид и Кој ми основа дом, како што беше говорел Тој, – сега Адонија треба да умре.“ 25#1 Сам 22,20-23; 2 Сам 15,24-29И царот Соломон го испрати Јахо­јадаевиот син Ванеја, кој го удри и тој умре.
Соломон го протерува Авијатар од Ерусалим
26На свештеникот Авијатар царот му рече: „Оди си во Анатот на нивата сво­ја; ти заслужуваш смрт, но сега нема да те погубам, бидејќи си го носел ков­чегот на Господ Бог пред татко ми Давид, и си трпел сѐ што трпел и татко ми.“ 27И Соломон го отстрани Авијатар од Господовото свештенство, и се ис­полни словото на Господ што го беше кажал за домот на Илиј во Силом.
Соломон се ослободува од Јоав
28Дојде глас за тоа до Јоав, – бидејќи Јоав ја држеше страната на Адонија, а не ја држеше страната на Соломон, – и Јоав избега во Господовата скинија и се фати за роговите на жртвеникот. 29Му соопштија на цар Соломон дека Јоав избегал во Господовата скинија и дека е кај жртвеникот. Соломон го ис­прати Јахојадаевиот син Ванеја, велеј­ќи: „Оди, убиј го.“ 30Ванеја дојде во Господовата скинија и му рече на Јоав: „Вака кажа царот: излегувај.“ А тој одговори: „Не, јас са­кам тука да умрам.“ Ванеја му го сооп­шти тоа на царот, велејќи: „Така рече Јоав и така ми одговори.“ 31Царот му рече: „Направи како што рекол тој: убиј го и погреби го, и пролеаната невина крв од Јоава ќе ја измиеш од мене и од домот на татко ми; 32#2 Сам 3,26-27; 20,8-10Господ нека ја сврти крвта негова врз неговата глава, поради тоа што уби двајца невини мажи подобри од него: тој го погуби со меч, без знаење на тат­ко ми Давид, Нировиот син Авенир, воен началник израелски, и Јетеровиот син Амаса, воен началник јудејски; 33#2 Сам 3,29; Пс 7,16; Мт 27,25нека се сврти крвта нивна врз главата на Јоав и врз потомството негово засекогаш, а на Давид, и на потомството негово, и на домот негов, и на престолот негов нека биде мир од Господ засекогаш!“ 34И отиде Јехојадаевиот син Ванеја, го удри Јоав и го уби; и тој беше погребан на неговиот имот во рамнината. 35Тогаш царот Соломон го постави Јехојадаевиот син Ванеја над војската место него. Свештеникот Садок, пак, царот го постави место Авијатар.
Соломон се ослободува од Семеј
36Царот испрати, та го повика Семеј и му рече: „Изгради си дом во Еру­салим и живеј тука и никаде не излегувај оттука; 37и знај дека во оној ден, во кој ќе излезеш и ќе го минеш потокот Кедрон, бездруго ќе умреш; крвта твоја ќе ти биде врз твојата глава.“ 38А Семеј му рече на царот: „Добро, како што заповеда мојот цар господар, така ќе направи твојот слуга.“ И Семеј живееше во Ерусалим тие години. 39#1 Сам 21,11; 27,2-3Но по три години се случи, двајца од Семеиевите слуги избегаа кај гат­скиот цар Анхус, Мааховиот син. И му јавија на Семеј, велејќи: „Ете, твоите слуги се во Гет.“ 40Семеј стана, го оседла магарето и тргна за Гет кај Анхус да ги бара слу­гите свои. Семеј се врати и ги доведе своите слуги од Гет. 41И го известија Соломон дека Семеј одел од Ерусалим во Гет и се вратил. 42Тогаш царот испрати да го пови­каат Семеј и му рече: „Нели ти се за­колнав во Господ и нели ти соопштив, велејќи: знај дека во оној ден, во кој ќе излезеш и ќе отидеш некаде, бездруго ќе умреш? И ти ми одговори: добро. 43Па зошто не ја запази заповедта што ти ја дадов пред Господ со клетва?“ 44Уште му рече на Семеј царот: „Ти го знаеше и го знае срцето твое сето зло што си му го направил на татко ми Давид. Туку Господ нека ја сврти злобата твоја врз твојата глава! 45А цар Соломон да биде благословен и Давидовиот престол да стои цврсто пред Господ засекогаш!“ 46И царот му заповеда на Јехојадае­виот син Ванеја, и тој отиде, та го удри Семеј, и тој умре.

Currently Selected:

1 Царевите 2: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in