1 Царевите 3
3
Соломон се жени со фараонска ќерка
1 #
2 Сам 5,7
Соломон се сроди со фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и ѕидовите околу Ерусалим. 2Народот уште принесуваше жртви по високите места, бидејќи до она време не беше изграден дом за името Господово. 3Соломон Го возљуби Господа, одејќи по наредбите на својот татко Давид, но и тој принесуваше жртви и кадеше по високите места.
Соломон Му се моли на Бога да му подари мудрост
(2 Лет 1,3-13)
4Затоа царот отиде во Гаваон за да принесе таму жртва, бидејќи таму беше главното високо место. Илјада сепаленици принесе Соломон врз тој жртвеник. 5#2 Лет; 1,7-13#9,1-9Во Гаваон Господ му се јави на Соломон ноќе во сон и му рече: „Барај што сакаш да ти дадам.“ 6#2 Сам 7,15Соломон одговори и рече: „Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татко ми Давид; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и праведноста и со искрено срце кон Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој седи на престолот негов, како што е тоа денес; 7и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татко ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам како да се однесувам. 8#5 Мојс 7,7-8А Твојот слуга е среде Твојот народ што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа. 9Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?“ 10Мило Му беше на Господ што Соломон го побара тоа. 11Господ му рече: „Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум за да умееш да судиш, – 12#2 Цар 18,5; 23,25; Проп 1,16Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе; 13и она што не го побара, Јас ти го давам, – и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе меѓу царевите во сите твои денови; 14и ако одиш по Мојот пат, пазејќи ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ќе ги продолжам и твоите дни.“ 15Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана крај ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви за мир и богато ги нагости сите свои слуги.
Една мудра Соломонова пресуда
16Тогаш дојдоа кај царот две жени блудници и се исправија пред него. 17И едната жена рече: „О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една куќа, и родив кај неа во таа куќа; 18а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куќата кај нас немаше ниту еден човек од надвор; само ние двете бевме во куќата. 19Преку ноќта умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него; 20а таа преку ноќта станала, го зела мојот син од мене, додека јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради. 21Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син што го бев родила.“ 22Другата жена рече: „Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот.“ А таа ѝ велеше: „Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот.“ И се препираа така пред царот. 23Царот тогаш рече: „Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрениот; а онаа говори: Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот.“ 24Потоа царот рече: „Дајте ми меч!“ И му донесоа меч. 25И тогаш царот рече: „Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата.“ 26И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата нејзина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: „О, господаре мој! Дајте ѝ го тоа дете живо и не го убивајте.“ А онаа другата рече: „Нека не биде ни мое, ни твое, сечете го!“ 27И царот проговори и рече: „Дајте ѝ го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка.“ 28#Ис 9,6; Пс 72,1-2; Изреки 16,12; 29,14И сиот Израел слушна за судот, како пресуди царот. И почнаа да се однесуваат кон царот со длабока почит, зашто видоа дека има мудрост Божја во него за да извршува суд.
Currently Selected:
1 Царевите 3: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006