YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 9

9
1 # 8,10; 11,7; 20,1; Ис 14,12; Лк 8,31 Затруби и петтиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата. И ѝ беше даден клучот од кла­де­не­цот на бездната; 2#1 Мојс 19,28; 2 Мојс 19,18па го отвори кладенецот на бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот. 3#2 Мојс 10,12.15; Јоил 1,1–2,27; Мудр 16,9И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии. 4#7,3; Ез 9,4И им се рече да не ја повредуваат тревата по земјата, ниту какво и да би­ло зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои. 5И им се даде не да ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и маче­ње­то нивно беше како мачење од скорпија, кога ќе касне човек. 6#6,16; Ер 8,3; Јов 3,21Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив. 7#Јоил 2,4По својот облик скакулците личеа на коњи приготвени за војна: на главите нивни имаше нешто слично на златни венци, а лицата им беа како лица чо­веч­ки; 8#Јоил 1,6имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови. 9#Јоил 2,5И имаа оклопи како оклопи од же­лезо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коњи кога трчаат во војна. 10Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци. 11И за цар над себе го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по грчки – Аполион#9,11 На грчки погубител, упропастувач.. 12#8,13Едното зло помина, еве идат уште две зла по него. 13#8,3; 2 Мојс 30,1-3И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога, 14#16,12кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги че­тирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат!“ 15И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето. 16Бројот на коњаниците беше двесте милиони – го чув нивниот број. 17И така во видение ги видов коњите и оние кои јаваа на нив, што имаа оклопи огнени и синкасти и сулфурни. Главите на коњите личеа на глави од лавови, а од устата нивна излегуваше оган, дим и сулфур. 18А од тие три зла – огнот, димот и сулфурот, што излегуваа од нивната уста, умре една третина од луѓето, 19бидејќи нивната сила беше во нивната уста, а опашките нивни, што личеа на змии, имаа глави со кои пустошеа. 20#16,9.11#5 Мојс 32,17; Ис 17,8; Пс 113,12-16; 135,15-17; Дан 5,4.23; 1 Кор 10,19-20А другите луѓе, што не загинаа од тие зла, не се покајаа за делата на ра­цете свои, та да не се поклонуваат ни на ѓаволи ни на идоли златни и сребрени, бронзени, камени и дрвени, кои не мо­жат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту, пак, да одат; 21и не се покајаа ни за убиствата свои, ниту, пак, за вражбите свои, ниту за блудството свое, ниту за кражбите свои.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in