YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 10

10
Ангелот и малата книга
1И видов друг силен ангел како слегува од небото, обвиен со облак, над главата виножито, а лицето негово беше како сонце, додека нозете како огнени столбови; 2#Ез 2,8–3,3во раката своја тој држеше отворена книшка; и ја постави својата десна нога над морето, а левата – над земјата; 3#Ер 25,30; Ос 11,10; Амос 1,2; 3,8и извика со висок глас, како што ри­ка лав; а кога извика, седум громови проговорија со своите гласови. 4#22,10; Дан 8,26; 12,4.9И кога седумте громови проговорија со своите гласови, сакав да пишувам. Но чув глас од небото, кој ми зборува­ше: „Запечати го тоа што го зборуваа седумте громови, и немој да го пишу­ваш!“ 5#5 Мојс 32,40; Дан 12,7И ангелот, кого го видов како стои над морето и над земјата, крена рака кон небото 6#1 Мојс 14,19.22; 2 Мојс 20,11; Неем 9,6; Дела 4,24и се заколна во Оној Кој живее во вечни векови и Кој го создал небото и сѐ што е на него, земјата и сѐ што е на неа, и морето и сѐ што е во него – дека не ќе има веќе време, 7#11,18; Амос 3,7; Зах 1,6; Дан 9,6.10; 1 Кор 2,7; Кол 1,26-27но во деновите, кога седмиот ангел ќе се огласи и ќе затруби, тогаш ќе се изврши тајната на Бога, како што им беше објавил Тој на своите слуги – проро­ците. 8И гласот што го бев чул од небото, одново прозборува со мене и рече: „Оди и земи ја отворената книшка од рацете на ангелот што стои над морето и над земјата!“ 9#Ез 2,8; 3,1-3Тогаш отидов кај ангелот и му реков: „Дај ми ја книшката!“ Тој ми од­говори: „Земи ја и изеди ја! Во стомакот твој таа ќе ти биде горчлива, но во устата ќе ти биде слатка како мед.“ 10Ја зедов книгата од рацете на ан­ге­лот, и ја изедов и во устата ми беше слатка како мед, а кога ја изедов, ми беше горчлива во стомакот. 11#Ер 1,10; 25,30; Дан 3,4И ми рече: „Треба пак да пророкуваш меѓу многу народи и племиња, јазици и цареви.“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in