Марко 9
9
1 #
13,30; Рим 1,4 И им рече: „Има некои меѓу овие што стојат овде, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат царството Божјо, дојдено во сила.“
Исусовото преображение
(Мт 17,1-9; Лк 9,28-36)
2 #
1,29; 5,37; Лк 8,51 А по шест дни, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги одведе сами на висока гора, насамо, и се преобрази пред нив. 3#16,5; Мт 28,3; Откр 3,4Алиштата Му станаа сјајни, многу бели, како снег, какви што белило на земјата не може да избели. 4#4 Цар 2,11-12; Мт 11,14И им се јави Илија со Мојсеј, и разговараа со Исус. 5#10,51; 11,21; 14,44-45Тогаш проговори Петар и Му рече на Исус: „Рави, добро ни е да бидеме овде; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ 6#14,40Зашто не знаеше што да каже, бидејќи беа многу уплашени. 7#1,11; 5 Мојс 18,15; 3 Мојс 16,2; Мт 17,5; Дела 3,22; 2 Птр 1,17И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“ 8И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа покрај себе, освен Исус. 9#1,34; Лк 9,36А кога слегуваа од гората, им заповеда никому да не кажуваат што виделе, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите. 10И го задржаа тој збор во себе, прашувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“
За Илија
(Мт 17,10-13)
11 #
Мал 3,23
И Го прашаа, велејќи: „А зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“ 12#8,31; Ис 53,3; Мал 3,23-24; Пс 21,1-17А Тој, пак, одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен. 13#3 Цар 19,2.10; Мт 11,14Но ви велам дека и Илија дојде, како што е напишано за Него, и му направија што сакаа.“
Исцелувањето од нечист дух
(Мт 17,14-21; Лк 9,37-43)
14И кога дојде кај учениците Свои, виде многу народ околу нив и книжници, кои се препираа со нив. 15И штом Го виде, сиот народ се зачуди; и притрчувајќи, Го поздравуваа. 16Ги праша книжниците: „Зошто се препирате со нив?“ 17Тогаш еден од народот одговори и рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух; 18и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на учениците Твои да го изгонат, но тие не можеа.“ 19#Мт 12,39А Исус одговори и рече: „О, роде безверен, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!“ 20И кога го доведоа кај Него – штом го виде духот, веднаш го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет. 21Го праша Исус татко му: „Колку време има откако станува тоа со него?“ Тој одговори: „Од детството; 22и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“ 23#5,36; 11,23-24; Лк 17,6А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што верува!“ 24#Лк 17,5И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи рече: „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!“ 25#1,25; Лк 4,39А Исус, штом виде дека се собра народ, строго му заповеда на нечистиот дух и му рече: „Духу нем и глув. Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!“ 26#1,26И кога извика, силно го стресе и излезе; а момчето беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело. 27#1,31; 5,41Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи; и тоа стана. 28И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?“ 29И им рече: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“
Исус по вторпат ја навестува Својата смрт и воскресение
(Мт 17,22-23; Лк 9,43-45)
30И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; и Тој не сакаше некој да разбере. 31#8,31; Мт 20,18-19Зашто ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне. 32#4,13Но тие не ги разбираа овие зборови, а се плашеа да Го прашаат.
Кој е најголем?
(Мт 18,1-5; Лк 9,46-48)
33И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што се расправавте меѓу себе патем?“ 34#Лк 22,24А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓу себе, кој е најголем. 35#10,43-44; Мт 20,26Тој седна и ги повика дванаесетмината, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и слуга на – сите!“ 36И тогаш зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече: 37#Мт 10,40; Лк 10,16; Јн 13,20„Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.“
Кој не е против нас, тој е со нас!
(Лк 9,49-50)
38 #
4 Мојс 11,28
Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име демони изгонува, а не врви по нас; и му забранивме, зашто не оди по нас.“ 39#1 Кор 12,3А Исус рече: „Не бранете му, зашто никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене. 40#Мт 12,30; Лк 11,23Зашто, кој не е против вас, тој е со вас. 41#Мт 10,42; 1 Кор 3,23И кој ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда.“
За соблазната
(Мт 18,6-9; Лк 17,1-2)
42 #
Мт 5,29
„А кој ќе соблазни едно од овие малите, што веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да се фрли в море. 43#Мт 5,30И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку со две раце да отидеш во пеколот, во неизгасливиот оган, 44каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува. 45И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот, во неизгасливиот оган, 46каде што нивниот црв не умира ниту огнот не изгаснува. 47#Мт 5,29И, ако окото твое те соблазнува, извади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во огнениот пекол, 48#Ис 66,24каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува. 49#3 Мојс 2,13Зашто секој со оган ќе се посоли, и секоја жртва со сол ќе се осоли. 50#Мт 5,13; Лк 14,34; Кол 4,6; Рим 12,18; 1 Сол 5,13Солта е добра; но, ако солта облутави, со што ќе ја осолите? Имајте сол во себе, и мир имајте меѓу себе!“
Currently Selected:
Марко 9: MK2006D
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006