Марко 10
10
За разводот
(Мт 19,1-12; Лк 16,18)
1 #
2,13
И откако стана Исус оттаму, премина во пределите Јудејски, отаде Јордан. И пак се слеваше народ кон Него; а Тој, по Својот обичај, пак ги поучуваше. 2#Мт 16,1; 1 Кор 7,11И пристапија фарисеите и Го прашаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е, да ја остави мажот својата жена?“ 3А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?“ 4#5 Мојс 24,1; Мт 5,31Тие рекоа: „Мојсеј допушти да ѝ се даде разводно писмо и да се отпушти.“ 5#3,5Одговори Исус и им рече: „Поради тврдокорноста на вашето срце ви ја напишал таа заповед. 6#1 Мојс 1,27; 5,2Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде машко и женско. 7#1 Мојс 2,24; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја 8и обата ќе бидат во едно тело; и така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. 9А Бог што соединил, човек да не разделува.“ 10И во куќата, учениците Негови пак Го прашаа за тоа. 11#Мт 5,32; Лк 16,18; 1 Кор 7,10-11И им рече: „Кој ќе ја отпушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува со неа; 12а и жена, ако се одвои од својот маж и појде за друг, прељубодејствува.“
Исус ги благословува децата
(Мт 19,13-15; Лк 18,15-17)
13 #
Лк 9,47
И донесуваа кај Него деца, за да се допре до нив, но учениците им забрануваа на оние што ги носеа. 14И кога го виде тоа Исус, негодуваше и рече: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене и не бранете им, зашто на такви е царството Божјо. 15#Мт 5,20; 18,3Вистина ви велам, кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“ 16И откако ги прегрна, ги положи рацете врз нив и ги благословуваше.
Исус повикува еден богат човек
(Мт 19,16-30; Лк 18,18-30)
17 #
1,40
А кога излегуваше на пат, дотрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?“ 18#Пс 33,8 Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен единиот Бог! 19#7,10; 2 Мојс 20,12-16; 5 Мојс 5,16-20; 24,14; Сир 4,1Заповедите ги знаеш: не прељубодејствувај; не убивај; не кради; не сведочи лажно; не чини неправда; почитувај ги татка си и мајка си.“ 20А тој Му одговори и рече: „Учителе, сето тоа сум го запазил уште од младоста своја.“ 21#Мт 6,20; Лк 12,33Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Уште едно ти недостасува: оди и продај сѐ што имаш, раздај го на сиромаси и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене, кога ќе го земеш крстот.“ 22Тој се натажи кога ги чу овие зборови, и си отиде нажален, зашто имаше големо богатство. 23#4,19И кога погледа Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!“ 24А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо! 25Полесно камила ќе влезе низ иглени уши, отколку богат во царството Божјо.“ 26А тие се чудеа многу и си велеа меѓу себе: „Тогаш, кој може да се спаси?“ 27#14,36; 1 Мојс 18,14; Зах 8,6; Јов 42,2Кога ги погледа Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сѐ е можно!“ 28И Петар почна да Му говори: „Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме.“ 29#1,1; 8,35А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Мене и Евангелието, 30а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век – и живот вечен. 31#Мт 19,30; 20,16; Лк 13,30И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“
Исус по трет пат ја најавува Својата смрт и воскресение
(Мт 20,17-19; Лк 18,31-34)
32Кога беа на пат, искачувајќи се кон Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие се чудеа и одеа по Него со страв. И кога ги повика повторно дванаесетмината, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него. 33#8,31; Лк 24,7#Мт 8,20„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт и ќе Го предадат на незнабошците. 34И ќе Го исмеат, и ќе Го бијат, и ќе Го плукаат, и ќе го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“
Молбата на Зеведеевите синови
(Мт 20,20-28)
35 #
Мт 4,21; Лк 9,54 Тогаш пристапија кон Него Заведеевите синови, Јаков и Јован и рекоа: „Учителе, сакаме да ни го исполниш она, што ќе го побараме.“ 36#10,51Тој ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“ 37#Мт 19,28; Лк 22,30А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја.“ 38#Ис 51,17-22; Ез 23,31-34; Пс 74,8; Лк 12,50Но Тој им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштевањето, со кое се крштевам Јас?“ 39#Дела 12,2Тие одговорија: „Можеме.“ А Исус им рече: „Чашата, пак, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите; 40но, да седнете од Мојата десна или лева страна, не е Мое да дадам, туку е за оние за кои е подготвено.“ 41Десетте, пак, штом го чуја тоа, негодуваа против Јаков и Јован. 42#Лк 22,25Исус, кога ги повика, им рече: „Знаете дека оние, што се сметаат за владетели народни, господарат над нив, и големците управуваат над нив. 43#1 Кор 9,19Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; 44и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде слуга на сите. 45#14,24; Ис 53,11-12; Мт 8,20; 1 Тим 2,5-6Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мнозина.“
Слепиот Вартимеј
(Мт 20,29-34; Лк 18,35-43)
46 #
Лк 19,1
Потоа пристигнаа во Ерихон. И кога излегуваше Исус од Ерихон со учениците Свои и со многу народ, Тимеевиот син, Вартимеј#10,46 Бар-Тимеј, кој беше слеп, седеше покрај патот и просеше. 47#11,10; Мт 1,1; 9,27Па, кога чу дека е тоа Исус од Назарет, почна да вика и да вели: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ 48И мнозина му велеа да молчи, но тој уште повеќе викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ 49Исус застана и рече да го викнат. И го повикаа слепиот, говорејќи му: „Не плаши се, стани, те вика!“ 50А тој, кога ја фрли својата облека, стана и дојде кај Исус. 51#10,36А Исус, одговарајќи му, го запраша: „Што сакаш да сторам за тебе?“ Слепиот Му рече: „Да прогледам, Учителе!“ 52#5,34; Мт 9,22; Лк 7,50; 17,19; Дела 3,16А Исус му рече: „Оди си, верата твоја те спаси!“ И тој веднаш прогледа, па тргна патем по Исус.
Currently Selected:
Марко 10: MK2006D
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006