YouVersion Logo
Search Icon

Второзаконие 18

18
Правата на потомците Левиеви
1 # 33,9-11; 4 Мојс 18; 1 Кор 9,13 Да нема дел и наследство во Израил за свештениците левити, во целото племе Левиево; тие треба да се хранат од жртвите за Господ, и од делот Негов, 2#10,8-9за нив нема да има дел меѓу браќата негови: Самиот Господ е негов дел, ка­ко што му рече Тој. 3Еве, што треба да биде определено за свештениците од народот, од оние, што принесуваат жртва вол или овца или коза; на свештеникот треба да му се дава плешката, вилиците и утробата; 4#26,1-11давај му исто така и првина од пче­ницата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првината од стригот на ов­ците твои, 5бидејќи Господ, твојот Бог, него го избра од сите твои племиња да претстои (пред Господ, твојот Бог) и да служи (и да благословува) во името Господово, тој и синовите негови во сите денови. 6И ако левит некој дојде од некој од твоите градови, низ целата земја (на си­новите) на Израил, каде што живеел тој, и по желба на душата своја дојде на местото, што ќе го одбере Господ, 7и почне да служи во името на Гос­под, својот Бог, како и сите негови бра­ќа левити, кои стојат таму пред Господ, 8како храна нека добие еднаков дел, освен добиеното од продажбата на татковиот имот.
Лажни и вистински пророци
9 # Дела 16,16; 19,19 Кога ќе влезеш во земјата, која Гос­под, твојот Бог, ти ја дава, да не свик­неш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; 10#4 Цар 21,6; 23,24да не се најде меѓу вас човек кој го тера синот свој или ќерката своја да помине преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или, пак, маѓепсник, 11#3 Мојс 19,31; Ис 8,19бајач, или што повикува духови, ниту, пак, волшебник, ни таков што разговара со мртви; 12#7,25зашто, секој, кој го прави тоа, е гна­сен пред Господ, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. 13#Мт 5,48Биди непорочен пред Господ, твојот Бог; 14зашто тие народи, што ти ги прогонуваш, ги слушаат гатачите и прет­скажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, на тебе ти го забранил. 15#4 Мојс 12,6-7; Мт 17,5; Мк 9,4-7; Дела 3,22; 7,37Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене, – Него слушајте Го, – 16#5,23-31бидејќи ти Го молеше Господа, твојот Бог, кај Хорев во денот на собранието, велејќи: „Да не го чујам во иднина гласот на Господ, нашиот Бог, и да не го видам повеќе тој голем оган, за да не умрам.“ 17И ми рече Господ: „Добро е тоа, што ти го кажале; 18#2 Мојс 4,12-15Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Тој ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам; 19#Ез 3,19; 33,9а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе ги говори (оној Пророк) од Мое име, Јас ќе му се одмаздам. 20Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе збо­рува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.“ 21Но ќе си речеш во срцето свое: „Како ќе разбереме кои зборови не ги кажал Господ?“ 22#Ер 28,7-9Еве како ќе ги дознаете: ако проро­кот говори од името на Господ, и збо­ровите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот поради својата дрскост, – не плаши се од него.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in