YouVersion Logo
Search Icon

Второзаконие 17

17
1 # 7,25; 3 Мојс 22,20-25 Не принесувај жртва на Господ, твојот Бог, вол, или овца, кои се повредени, или имаат некаков недостаток, бидејќи тоа е гнасотија пред Господ, твојот Бог. 2Ако се најде кај тебе во еден од градовите твои, што Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ќе на­прави зло пред Господ, твојот Бог, и со тоа го престапи заветот Негов, 3па тргне и почне да им служи на други богови, и им се поклонува ним, или на сонцето, или на месечината, или на сето воинство небеско, што е спротивно на моите заповеди, 4#13,15и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако тоа е вистина, ако е на­правена таква гнасотија во Израил, 5#13,10-11изведете го тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат. 6#19,15; Евр 10,28Според сведочењето на двајца или тројца сведоци осудениот на смрт треба да се погуби: не смее да се погубува по сведочењето на само еден сведок; 7#Јн 8,7; 1 Кор 5,13прво раката на сведоците треба да падне врз него, за да биде убиен, а потоа рацете на целиот народ; така истребете го злото од вашата средина.
За тешките дела да се пресудува во светилиштето
8Ако по некое дело биде тешко за те­бе да пресудиш во врска со некое убиство или ранување, и настане несогласие во твојот суд, стани и оди во местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, (за да се призива таму името Негово), 9#2 Лет 19,8-11и пријди кај свештениците – левити и кај судијата, кој ќе биде во тие денови; прашај ги, и тие ќе ти кажат, како да пресудиш. 10И постапи, онака како што ќе ти кажат на местото што ќе го одбере Господ, и гледај да извршиш сѐ што ќе ти кажат тие; 11#5,32според законот и според пресудата што ќе ја кажат, постапи така и не отстапувај ни десно ни лево од она, што ќе ти го кажат тие. 12#18,5-7А кој ќе постапи дрско, и не ќе го послуша свештеникот, што е таму на служба пред Господ, твојот Бог, или судијата, (што ќе биде во тие денови) тој треба да умре. Така исчистете го злото од Израил; 13#13,12па целиот народ ќе чуе, и ќе се уп­лаши, и во иднина нема да постапува дрско.
Правила во врска со кнезот
14 # 1 Цар 8,5-18 Кога ќе влезеш во земјата, која Гос­под, твојот Бог, ти ја дава, и ја освоиш, и се населиш во неа, и речеш: „Ќе си поставам кнез, како другите соседни народи“ – 15постави си кнез, кого Господ, твојот Бог, ќе го избере, постави си кнез од браќата твои; не смееш да поставиш (за кнез) туѓинец, кој не е твој сонародник. 16#3 Цар 10,26-29; Ис 31,1-3Но тој да не ги умножува коњите свои и да не праќа луѓе да купуваат во Египет, за да ги умножи коњите свои, бидејќи Господ ви рече: „Не обидувајте се да се вратите веќе по тој пат“; 17и да не ги намножува жените свои, за да не се разврати срцето негово, и да не натрупува сребро и злато прекумерно. 18#31,24А кога ќе седне со власт на прес­толот, нека си направи препис на овој закон од книгата, што се наоѓа кај свештениците левити, 19#4 Цар 23,1-3.25и нека го држи кај себе и нека го чита во сите денови на неговиот живот, за да се научи да се плаши од Господ, својот Бог, и да ги пази и да ги исполнува сите овие заповеди и наредби; 20#5,32за да не се возгордее срцето негово пред неговите браќа, и да не отстапува од законите ни десно, ни лево, за да ца­рува многу години, тој и синовите не­гови во Израил.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in