YouVersion Logo
Search Icon

3 Ездра 13

13
Сесилниот му го толкува на пророкот сонот
1 # 12,39.51 По седум дена видов ноќта сон: 2#Дан 7,2ете, од морето се издигна ветар, за да ги раздвижи сите негови бранови. 3#13,25.32; Дан 7,13; Откр 20,11Гледав, и ете, излезе силен маж со неброено воинство; насекаде, каде се свртуваше неговото лице, за да поглед­не, сѐ што се гледаше под него – трепе­реше; 4и каде и да одеше гласот од неговата уста, се вжештуваа и се топеа сите, кои го слушаа неговиот глас, како што се топи восок кога ќе почувствува оган. 5#Откр 20,8.9; 3 Езд 13,25.32Потоа видов: еве, се собра безбројно мноштво луѓе од четирите небески вет­рови, за да го победат тој маж, кој се бе­ше издигнал од морето. 6#13,35.36Видов, ете, тој изваја голема гора и полета на неа. 7Настојував да ја видам таа страна или тоа место, откаде беше извајана таа гора, но не можев. 8Потоа видов како сите оние, што се собрале да го победат – дека многу се уп­лашија, но сепак се осмелија да војуваат. 9А тој кога виде дека мноштвото со стремеж доаѓа, не крена рака, не др­же­ше ни копје, ниту некакво воено оруж­је; 10#Ис 11,4; 2 Сол 2,8; Откр 11,5но тој, како што видов, испушташе од својата уста нешто како огнен издив, низ своите усни некакво пламено ди­ше­ње, а од јазикот свој испушташе искри и бури, и сето тоа се слеа во едно: огнен здив, пламено дишење и силна бура. 11#Ез 28,18Тој со устрем го нападна тоа мнош­тво, што се беше приготвило да војува, па ги изгоре сите, така што од безброј­ното мноштво ништо не се виде, освен прав и мирис од дим и страв ме опфати. 12#13,39Потоа го видов истиот маж како слегува од гората и како повикува едно друго, мирно мноштво. 13#Ис 66,20Многумина пристапија при него, едни со весели лица, други со тажни, едни беа врзани, а други беа доведувани, – а и јас речиси премалев од страв, се раз­будив и реков:
Толкување на видението
14 # 12,9 „Ти од почетокот ми ги покажа овие чуда мене, на Твојот слуга, и ме најде достоен да ја примиш мојата мо­литва; 15па покажи ми го и значењето на овој сон. 16#13,22Зашто, како што разбирам со ра­зум­­от свој, тешко на оние што ќе бидат оставени во тие дни, а уште потешко на оние што не се оставени, 17бидејќи оние, што не се оставени, беа нажалени. 18Сега разбирам дека она што е оста­ве­но за последните дни, ќе ги сретне нив, како и оние, кои се оставени. 19#13,22Затоа тие се најдоа во големи опас­нос­ти и во големи маки, како што пока­жу­ваат соновите. 20#Јов 7,9Но за овој, кој е во опасност, по­лес­но е да го види тоа, отколку да мине ка­ко облак од овој свет и да не го види она што ќе стане во последните времиња.“ Тој ми одговори и рече: 21„Ќе ти го кажам значењето на видението и ќе ти го откријам и она за што говореше ти. 22#16,19Бидејќи ти говореше за оние што се оставени, еве ти го објаснението: 23#Откр 3,10; 3 Езд 8,33; 9,7оној што ќе ја издржи опасноста во она време, тој ќе биде запазен, а оние што ќе паднат во опасност, тоа се оние што имаат дела и вера во Сесилниот. 24И така, знај дека оние што се оставени, поблажени се од умрените. 25#13,3.5А еве го објаснението на видението: бидејќи ти го виде мажот што се издигнуваше од среде море, 26#1 Птр 2,24тоа е оној, кого Севишниот го пази долго време, кој преку самиот себеси ќе го избави Своето создание и ќе ги ра­ко­води оние што се оставени. 27#13,9.10А тоа што виде дека од неговата ус­та како да излегуваше ветар, оган и бу­ра, 28и дека тој не држеше ни копје, ниту некое друго воено оружје, но дека не­говиот стремеж го уништи мноштвото кое беше дојдено за да го победи, еве го објаснението за ова: 29#Лк 21,28еве, настануваат дните, кога Севиш­ниот ќе почне да ги избавува оние што се на земјата, 30#Лк 21,26и ќе направи да се вчудовидат оние што живеат на земјата, 31#Ис 19,2; Мт 24,7; Мк 13,8; Лк 21,10и ќе започнат војна едни против дру­ги, град против град, област против област, народ против народ, царство против царство. 32#5,4-9; 6,18-28; 13,52; 7,28; 14,9; 13,3.5Кога ќе стане сето тоа и се појават знаците што ти ги покажав пред малку, тогаш ќе се покаже Мојот Син, Кого ти го виде како маж, Кој се издигнува. 33И кога сите народи ќе го чујат Не­говиот глас, секој од нив ќе ја остави војната што ја водат во својата земја и што ја водат едни против други, 34#13,5; Откр 19,19; 20,8и ќе се соберат во едно собрание безбројно мноштво, кое како да ќе сака да појде и да го победи. 35#Пс 2,6; Откр 14,1Тој ќе застане на врвот од гората Сион. 36#8,52; 13,6.7А Сион ќе дојде и ќе им се покаже приготвен и уреден на сите, како што ја виде и ти гората извајана без раце. 37#Дан 2,34; 3 Езд 7,28; 12,32; 13,10.11.52; 14,9 И Мојот Син ќе ги изобличи беззаконијата, измислени од тие народи, кои преку своите лоши помисли ги приближија бурата и маките, со кои ќе почнат да се измачуваат, 38#13,10.11и кои се слични на оган; Тој без труд ќе ги истреби со закон, Кој е сли­чен на огнот. 39#13,12А тоа што виде дека Тој го собира при Себе другото, мирно множество, 40#4 Цар 17,6тоа се десетте племиња, кои беа од­ведени пленици од својата земја во де­новите на царот Осија, кого го одведе во ропоство асирскиот цар Салманасар, ги преведе од другата страна на Реката, беа одведени во друга земја. 41А тие во својот совет решија да го остават мноштвото незнабошци и да отидат во далечна земја, каде што никогаш човечки род не живеел, 42за да ги пазат таму законите свои, кои не ги пазеа во својата земја. 43#Откр 16,12Преку тесни клисури се прибли­жу­ваа до реката Еуфрат; 44#Ис.Н. 3,15.16Сесилниот тогаш направи чудо: ги сопре речните жили додека тие преми­нуваа; 45а затоа што низ таа земја минуваа долго – година и половина, таа земја се нарекува Арсарет. 46Тие живееја таму до неодамна. И сега, кога ќе почнат да пристигнуваат, 47#Ис 11,15.16Севишниот пак ќе им ги сопре жи­лите на реката, за да можат тие да преминат; затоа ти го виде мирното мно­жество. 48#9,8; 12,34но оставените од Мојот народ се оние, кои се најдоа внатре во Моите предели, 49зашто кога ќе почне да го истребува мноштвото народи собрани заедно, Тој ќе го заштити Својот народ, кој ќе остане. 50И тогаш ќе им покаже многу чуда.“ 51#4,38; 13,3.5.25Јас реков: „Господи Владико, објасни ми го тоа зошто го видов мажот да излегува од сред море?“ 52#13,32.37; 14,9; Лк 17,22.24А Тој ми одговори и рече: „Како што не можеш да го испиташ и да го познаеш она што е во морската дла­бо­чина, така никој на земјата не може да го види Мојот Син, ниту оние што се со Него, освен во времето на Неговиот ден. 53#7,44Еве ти го толкувањето на сонот што го виде, преку кој само ти овде си просветен. 54#6,32Ти си ги оставил своите дела, и си го извршувал Мојот закон и си го ис­пи­тувал, 55#Сир 15,2; Изреки 7,4бидејќи твојот живот си го уредил мудро, а разумноста си ја нарекол своја мајка, 56#2,35; 7,35.44; 8,39; 14,1Затоа Јас ти ги покажав наградите од Севишниот; по три дни ќе ти по­ка­жам нешто друго и ќе ти откријам неш­то важно и чудно.“
СЕДМО ВИДЕНИЕ
Гласот од грмушката
57Тогаш јас појдов и излегов во полето, славејќи Го Севишниот и благода­рејќи Му многу за чудесата што ги извршуваше одвреме – навреме, 58#Дела 1,7; 3 Езд 14,1и затоа што Тој управува со сегаш­носта и со тоа што ќе настане низ вре­мињата, и таму останав три дена.

Currently Selected:

3 Ездра 13: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in