Битие 20

20
Авраам и Авимелех
1Авраам оттаму тргна на југ, и се настани меѓу Кадис и Сур; и живееше некое време во Герар. 2#12,10-20; 26,1-11Тогаш велеше Авраам за жената своја Сара дека му е сестра. (Зашто се плашеше да каже дека му е жена, да не би го убиле заради неа жителите на оној град). А царот герарски Авимелех ис­прати, да ја земат Сара. 3#Мт 2,13Но Бог дојде кај Авимелех ноќе во сон, и му рече: „Ете, ќе умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж.“ 4А Авимелех не беше се допрел до неа, па рече: „Господи, зар ќе погубиш праведен народ? 5Нели самиот тој ми рече – ‚Сестра ми е‘ – а и таа самата рече ‚Брат ми е‘ – а јас тоа го направив простосрдечно и со чисти раце.“ 6#1 Цар 25,26; Јуда 1,24Тогаш му рече Бог во сонот: „И јас знам дека тоа го стори со чисто срце, затоа те задржав да не грешиш пред Мене и не ти допуштив да се допреш до неа. 7А сега врати му ја на човекот жена­та негова, зашто е пророк, и ќе се помо­ли за тебе, и ќе останеш жив. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш и ти и сите твои.“ 8Утредента рано стана Авимелех, и ги повика сите слуги свои, и им го кажа сето тоа да го чујат. И тие многу се уплашија. 9Тогаш Авимелех го повика Авраам и му рече: „Што направи ти со нас? Што ти згрешив, па сакаше да навлечеш на мене и на царството мое голем грев? Ми го направи она, што никој не го прави.“ 10И уште му рече Авимелех на Авраам: „Што имаше на ум, кога го направи тоа?“ 11#Изреки 16,6А Авраам одговори: „Си помислив дека во ова место нема страв Божји, па ќе ме убијат поради жената моја. 12А всушност и ми е сестра: по татко, но не и по мајка: и се омажи за мене. 13А кога ме изведе Господ од домот на мојот татко, јас ѝ реков: направи ми добро и кажувај за мене во секое место каде што ќе дојдеме: ‚Брат ми е.‘“ 14Тогаш Авимелех зеде ситен и крупен добиток, и слуги, и слугинки, и му ги даде на Авраам, и му ја врати Сара, жената негова. 15И му рече Авимелех (на Авраам): „Еве, земјата моја е пред тебе; и каде што ти е угодно, насели се!“ 16А на Сара ѝ рече: „Еве, му дадов на твојот брат илјада шекели сребро: тоа нека биде доказ дека си виновна, и пред сите си оправдана.“ 17#5 Мојс 32,40; 4 Цар 20,5Авраам, пак, Му се помоли на Бога, и Бог ги исцели Авимелеха, и жената негова, и слугинките негови, и тие поч­наа да раѓаат; 18зашто Господ ги беше затворил си­те утроби во домот на Авимелех поради Сара, жената Авраамова.

Kleurmerk

Deel

Kopieer

None

Wil jy jou kleurmerke oor al jou toestelle gestoor hê? Teken in of teken aan

Video vir Битие 20