Матеј 12
12
Прашања околу саботата
(Мк 2,23-28; Лк 6,1-5)
1 #
2 Мојс 20,8
Во тоа време, една сабота, Исус минуваше низ нивите, а Неговите ученици огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат. 2#2 Мојс 34,21; 5 Мојс 5,14; Јн 5,10Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: „Ете, Твоите ученици прават нешто што не е допуштено да се прави во сабота!“ 3#1 Цар 21,1-6А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога тој и оние што беа со него огладнаа? 4#3 Мојс 24,5-9Како влезе во Божјиот дом и ги изеде лебовите на предложението, што не смееше да ги јаде ниту тој, ниту оние што беа со него, туку единствено свештениците? 5Или, не сте читале ли во Законот дека во сабота свештениците во храмот ја нарушуваат саботата и пак не се виновни? 6#12,41-42Но Јас ви велам дека тука е Оној што е поголем од храмот; 7#9,13; 1 Цар 15,22; Ос 6,6; Јн 5,16-17и, ако знаевте што значи: ’Милост сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудувате невините; 8#8,20Зашто Синот Човечки е господар на саботата.“
Исус лекува човек со исушена рака
(Мк 3,1-6; Лк 6,6-11)
9И штом замина оттаму, дојде во нивната синагога. 10#Лк 11,54; 20,20; Јн 8,6И ете, таму беше еден човек што имаше исушена рака. И, за да Го обвинат, Го прашаа, велејќи: „Допуштено ли е во сабота да се лекува?“ 11#5 Мојс 22,4; Лк 14,5А Тој им рече: „Кој од вас, ако има една овца и таа падне во сабота во јама, нема да ја земе и да ја извади? 12#6,26; 10,31; Јн 5,9; 9,14 Колку, пак, човекот е поскап од една овца!? Па така, во сабота е допуштено да се прави добро.“ 13Тогаш му рече на човекот: „Протегни ја раката!“ И тој ја протегна, и таа стана здрава како и другата. 14#27,1; Мк 11,18; Јн 5,16.18А фарисеите, штом излегоа, се договорија како да Го погубат.
Божјиот Избраник
15 #
Мк 3,7-10; Лк 6,17-19 Но кога Исус разбра, замина оттаму. И по Него одеше многу народ и Тој ги излекува сите. 16И им забрани да разгласуваат за Него. 17#1,22За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:
18 #
Ис 42,1-4
„Ете Го Мојот слуга;
Него Го избрав, Мојот возљубен,
Кој е по благоволението на Мојата душа.
Ќе Го положам Својот Дух над Него
и на народите ќе им објави суд.
19Нема да се кара, ниту ќе вика,
и никој нема да го чуе Неговиот глас по улиците.
20Прекршените трски нема да ги докрши,
ниту фитилот што тлее ќе го угасне,
додека не ја доведе правдата до победа.
21 #
Рим 15,12
И во Неговото име народите ќе се надеваат.“
Исус и Велзевул
(Мк 3,20-30; Лк 11,14-23)
22 #
8,29; 9,27-33 Тогаш доведоа кај Него еден опседнат од демони, кој беше слеп и нем; и го излекува, така што слепонемиот проговори и прогледа. 23#1,1; Јн 4,29; 7,26И сиот народ се чудеше и велеше: „Не е ли Овој Христос, Синот Давидов?“ 24#9,34; 4 Цар 1,2; Мк 3,22; Јн 10,19-21А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Овој ги истерува демоните само преку Велзевул, началникот на демоните!“ 25#9,4Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: „Секое царство, ако се раздели самото против себе, запустува; и секој град или дом, ако се раздели самиот против себе, нема да опстане. 26И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш како ќе опстане неговото царство? 27И ако Јас ги истерувам демоните преку Велзевул, вашите синови преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии. 28#3,2.16; 8,29; Мк 1,15; Дела 10,38Ако, пак, Јас истерувам демони со Божјиот Дух, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. 29#Ис 49,24-25; Мк 3,27; Јн 12,31Или, како може некој да влезе во куќата на силен човек и да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, па дури тогаш да му ја ограби куќата? 30#13,30; Мк 9,40; Лк 9,50Оној што не е со Мене, против Мене е; и оној што не собира со Мене – растура. 31#2 Мојс 34,9; Мк 3,28-29; 1 Тим 1,13; 1 Јн 5,16Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Духот нема да им се прости на луѓето. 32#8,20; Лк 12,10; Јн 8,21; Евр 6,4-6; 10,26-31И ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости – ниту во овој век ниту во идниот“.
Според дрвото – и плодовите!
(Лк 6,43-45)
33 #
Сир 27,6
#
7,16-20; Лк 6,44 „Или насадете добро дрво и плодот ќе му биде добар, или насадете лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото. 34#3,7; 15,18; 23,33; Лк 3,7Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте зли? Зашто устата зборува од она со што е преполнето срцето. 35Добриот човек од добрата ризница изнесува добрини, а злиот човек од злата ризница изнесува зло. 36#Изреки 10,14; Јк 2,20; 3,2.5-6И ви велам дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; 37#Лк 19,22зашто поради своите зборови ќе бидеш оправдан и поради своите зборови ќе бидеш осуден.“
Знакот на Јона
(Мт 16,1-4; Мк 8,11-12; Лк 11,29-32)
38 #
16,1; Суд 6,17; Јн 6,30; 1 Кор 1,22 Тогаш некои од книжниците и од фарисеите одговорија и рекоа: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе!“ 39#16,4; 5 Мојс 32,5.20; Лк 11,29; Дела 2,40; Фил 2,15А Тој им одговори и рече: „Лукаво и прељуботворно поколение бара знак; но нема да му се даде знак освен знакот на пророкот Јона; 40#8,20; Јона 2,1зашто како што Јона беше во утробата на китот три дена и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дена и три ноќи. 41#Ез 3,6-7; Јона 3,5.8Ниневјаните ќе излезат на суд со ова поколение и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона. 42#12,6; 3 Цар 10,1-10.24; Јн 6,35И јужната царица ќе излезе на суд со ова поколение и ќе го осуди; зашто таа дојде од крајот на земјата за да ја чуе мудроста на Соломон, но ете, тука е многу поголем од Соломон.“
За нечистите духови
(Лк 11,24-26)
43 #
8,29; Ис 13,21-22 „Кога нечистиот дух ќе излезе од човекот, минува преку безводни места, барајќи спокој, и не го наоѓа. 44Тогаш вели: ’Да се вратам во мојот дом, од каде што излегов.‘ И, штом ќе дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден. 45#Лк 8,2; Јн 5,14; 2 Птр 2,20Тогаш оди и со себе доведува други седум духа, полоши од себе, и штом ќе влезат, ќе отседнат таму; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со ова зло поколение.“
Вистинското семејство на Исус
(Мк 3,31-35; Лк 8,19-21)
46 #
3 Мојс 10,4; 5 Мојс 33,9; Јн 7,3.5 И додека му зборуваше на народот, ете, мајка Му и Неговите браќа стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него. 47Некој Му кажа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“ 48#Лк 2,49-50А Тој му одговори на оној што Му го кажа тоа, и рече: „Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?“ 49И, покажувајќи со рака кон Своите ученици, рече: „Еве ги Мојата мајка и Моите браќа! 50#7,21; 8,21-22; 10,37; Лк 11,27-28#12,50 Параболи се приказните што ги кажувал Исус, како појаснување на Своите поуки.Зашто оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
Okuqokiwe okwamanje:
Матеј 12: MAK2023
Qhakambisa
Dlulisela
Kopisha
Ufuna ukuthi okuvelele kwakho kugcinwe kuwo wonke amadivayisi akho? Bhalisa noma ngena ngemvume
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023