Битие 8

8
Ное излегува од ковчегот
1И си спомна Бог за Ное, и за сите ѕверови и за сиот добиток (и за сите птици и за сите влекачи), што беа со него во ковчегот; и навеа Бог ветар на земјата, и водите запреа. 2Изворите на бездната и окната небески се затворија, и дождот од небо­то престана. 3Водата почна постепено да опаѓа на земјата, и по сто и педесет дена намали. 4И се запре ковчегот во седмиот ме­сец на седумнаесеттиот ден на ридовите од планината Арарат. 5Водата, пак, опаѓаше постепено до десеттиот месец; и во првиот ден од де­сеттиот месец се покажаа врвовите на планините. 6А по четириесет дена го отвори Ное прозорецот на ковчегот, што го беше направил. 7И пушти гавран, (за да види дали спаднала водата од земјата) кој откако одлета, полетуваше и долетуваше додека не се исуши земјата од водата. 8Потоа пушти гулаб, за да види дали исчезнала водата од површината на земјата; 9но гулабот, бидејќи не најде каде да застане со своите нозе, се врати кај него во ковчегот, зашто уште имаше вода по целата земја; и Ное ја спружи раката, го фати и го зеде кај себе во ковчегот. 10Почека уште други седум дена, и повторно го пушти гулабот од ковчегот. 11Гулабот се врати кај него прик­вечер; и ете, во клунот свој тој имаше свеж маслинов лист; и Ное разбра дека се повлекла водата од земјата. 12Потоа почека уште седум дена, и (одново) го пушти гулабот, а тој повеќе не му се врати. 13Во шестотини и првата година (од живот на Ное), во првиот ден од првиот месец, ја снема водата од земјата; и Ное го отвори покривот на ковчегот, пог­ледна и виде дека површината на земјата беше поисушена. 14А на дваесет и седмиот ден од вториот месец, земјата беше сува. 15Тогаш му рече Бог на Ное: 16„Излезете од ковчегот, ти, жената твоја, синовите твои, и жените на сино­вите твои; 17#1,22изведи ги со себе и сите животни, што се со тебе, од секое суштество, од птиците, добитокот и сите влекачи што лазат по земјата; нека се растурат по земјата, и нека се плодат и множат на земјата!“ 18И излегоа Ное, синовите негови, жената негова, и жените на синовите негови; 19сите животни и сиот добиток и сите лазачи, сите птици – сѐ што се движи по земјата, според родот нивни, излегоа од ковчегот. 20И Му направи Ное жртвеник на Господ; и зеде од секој чист добиток и од сите чисти птици, и ги принесе на жртвеникот како жртви сепаленици. 21И Господ го почувствува пријатниот мирис, па рече во срцето Свое: „Нема повеќе да ја проколнувам земјата поради човекот, зашто помислите на срцето човечко се зли уште од младини и нема повеќе да ги уништувам живите суштества, како што направив. 22#Ер 31,35-36; 33,20Отсега, па сѐ дури постои земјата, нема да престанат сеењето и жнеењето, студот и горештината, летото и зимата, деновите и ноќите.“

Okuqokiwe okwamanje:

Битие 8: MK2006D

Qhakambisa

Dlulisela

Kopisha

None

Ufuna ukuthi okuvelele kwakho kugcinwe kuwo wonke amadivayisi akho? Bhalisa noma ngena ngemvume