Битие 5
5
Родословот на патријарсите од Адам до Ное
1 #
1,26
Ова е родослов на Адам: Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји. 2Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човечки суштества – во денот кога беа создадени. 3Адам поживеа двеста и триесет години, кога му се роди (син) според подобието негово и според образот негов, и му даде име Сит. 4А откако го роди Сит, Адам поживеа уште седумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. 5И сите денови, што ги поживеа Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа тој умре. 6Сит, пак, поживеа двеста и пет години и му се роди Енох. 7По раѓањето на Енох, Сит живееше уште осумстотини и седум години, раѓајќи синови и ќерки; 8така поживеа Сит вкупно деветстотини и дванаесет години и потоа умре. 9Енох, пак, имаше сто и деведесет години, кога му се роди Каинан. 10А откако го роди Каинан, Енох живееше уште седумстотини и петнаесет години, раѓајќи синови и ќерки; 11и така сите денови на Енох изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре. 12Каинан, пак, поживеа сто и седумдесет години и го роди Махалалеил; 13а по раѓањето на Махалалеил Каинан живееше уште седумстотини и четириесет години, раѓајќи синови и ќерки. 14И така Каинан поживеа вкупно деветстотини и десет години; и умре. 15А Махалалеил поживеа сто шеесет и пет години, и го роди Јаред. 16По Јаредовото раѓање Махалалеил живееше уште осумстотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. 17А сите денови од животот на Махалалеил беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре. 18Јаред, пак, поживеа сто шеесет и две години и го роди Енох; 19а откако го роди Енох, Јаред живееше уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. 20Сите денови, пак, од животот на Јаред изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре. 21Енох, откако поживеа сто шеесет и пет години, го роди Метушелах; 22#Сир 44,16; 49,14а по раѓањето на Метушелах, Енох живееше според волјата Божја триста години, раѓајќи синови и ќерки. 23А сите денови на Енох изнесуваа триста шеесет и пет години. 24#Мудр 4,10-11; Евр 11,5И Енох, живеејќи според волјата Божја, исчезна, бидејќи Бог го зеде. 25Метушелах, пак, поживеа сто осумдесет и осум години, и го роди Ламех; 26па, откако го роди Ламех, Метушелах живееше уште седумстотини осумдесет и две години, раѓајќи синови и ќерки; 27а сите денови од животот на Метушелах беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре. 28Ламех, пак, откако поживеа сто осумдесет и осум години, доби син. 29#3,17-19И го нарече Ное, велејќи: „Овој ќе нѐ утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ ја проколна.“ 30А откако се роди Ное, Ламех поживеа уште петстотини шеесет и пет години, раѓајќи синови и ќерки. 31Така поживеа Ламех вкупно седумстотини педесет и три години; и умре. 32#6,10; 9,18; 10,1Ное имаше петстотини години, кога ги роди (трите сина): Сим, Хам и Јафет.
Okuqokiwe okwamanje:
Битие 5: MK2006D
Qhakambisa
Dlulisela
Kopisha
Ufuna ukuthi okuvelele kwakho kugcinwe kuwo wonke amadivayisi akho? Bhalisa noma ngena ngemvume
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006