Битие 15

15
Бог воспоставува завет со Аврам
1 # 12,2.7; 13,14-17; 5 Мојс 33,29; Пс 27,7 По оние настани беше упатено слово Господово кон Аврам во видение: „Не плаши се, Авраме! Јас сум ти закрила, и наградата твоја ќе биде многу голема.“ 2#Дела 7,5А Аврам рече: „Господи, зошто ми се Твоите дарови кога сум без пород, а наследник во мојата куќа е Елиезер од Дамаск?“ 3И пак рече Аврам: „Бидејќи, Ти не ми даде потомство, ете, затоа еден од слугите родени во куќата моја, ќе биде мој наследник.“ 4Но Господ пак проговори: „Нема тој да ти биде наследник, туку оној, кој ќе произлезе од тебе, тој ќе ти биде нас­ледник.“ 5#5 Мојс 1,10; Евр 11,12Па го изведе надвор и му рече: „По­г­ледни на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш.“ И му рече: „Толкаво ќе биде потомството твое.“ 6#1 Мак 2,52; Рим 4,3; Гал 3,6; Јк 2,23И Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност. 7#11,31И му рече: „Јас сум Господ, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја да­дам оваа земја да ја владееш.“ 8А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе познаам дека ќе ја наследам?“ 9И му рече: „Принеси Ми јуница од три години, и коза тригодишна, и овен од три години, а и грлица и млад гу­лаб!“ 10#Ер 34,18-20И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; само птиците не ги преполови. 11А птици грабливки слетуваа на ле­шевите; но Аврам ги бркаше. 12#2,21; 2 Мојс 12,40; Јов 4,12-16А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврам длабок сон, и ете, го опфати голем мрак – и го обзеде ужас. 13#Гал 3,17И Господ му рече на Аврам: „Знај дека потомците твои ќе бидат придојдени во туѓа земја, ќе робуваат и ќе ги мачат четиристотини години. 14#Јудита 5,6-10; Дела 7,6-7Но јас ќе го судам народот кај кого тие ќе бидат во ропство; потоа тие ќе излезат оттаму со големо богатство. 15А ти ќе отидеш кај татковците свои во мир, и ќе бидеш погребан во среќна старост. 16Тие, пак, во четвртото колено ќе се вратат ваму; зашто беззаконијата на Аморејците уште не го достигнале својот врв.“ 17А кога сонцето зајде и падна мрак, ете, дим како од печка и огнен пламен, помина меѓу оние делови. 18#12,7; 17,2Во тој ден Господ направи завет со Аврам, велејќи: „На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат: 19Кенијците, Кенизијците, Кадмониј­ците, 20#2 Мојс 3,8.17; 34,11; 5 Мојс 7,1Хитијците, Перизијците, Рефаим­ците, 21Аморејците, Хананците, (Евејците), Гергесејците и Јевусијците!“

Okuqokiwe okwamanje:

Битие 15: MK2006D

Qhakambisa

Dlulisela

Kopisha

None

Ufuna ukuthi okuvelele kwakho kugcinwe kuwo wonke amadivayisi akho? Bhalisa noma ngena ngemvume