Псалми 4
4
ПСАЛМ 4
Давидовата вечерна молитва е полна со надеж во Бога
1За крајот: песна на Давид, меѓу псалмите.
2 #
17,19; 101,2; 117,5 Кога повикав, Ти ме слушна, Боже на правдата моја;
во тагата – Ти ми даде оддишка;
смилувај ми се
и услиши ја молитвата моја.
3Синови човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце?
Зошто сакате суета и барате лага?
4Знајте дека Господ го направил чудесен Својот светија;
Господ ќе ме слушне кога викам кон Него.
5 #
Ефес 4,26
Гневете се, но не грешете.
За она што во срцата ваши го говорите,
на леглата свои тагувајте.
6 #
50,19; 61,8; 113,17-19; 5 Мојс 33,19; Мал 3,3 Жртвувајте жртва на правда
и надевајте се на Господа.
7 #
30,16; 43,3; 66,1; 79,3; 88,15; 4 Мојс 6,25; Изреки 16,15; Дан 9,17 Многумина велат: „Кој ќе ни го покаже доброто?“
Светлината на Твоето лице е отсликана на нас, Господи!
8Ти ми даде веселие во срцето
поголемо од она кога им се умножува житото, виното и елејот.
9Во мир ќе легнам
и веднаш ќе заспијам,
зашто единствено Ти, Господи, ме насели во надежта.
Македонско библиско здружение 2024