YouVersion 標誌
搜尋圖標

Псалми 12

12
ПСАЛМ 12
Молитва за помош во неволја и тага
1За крајот: псалм на Давид.
2До кога, Господи, сосема ќе ме забораваш?
До кога ќе го одвраќаш лицето Свое од мене?
3До кога ќе полагам грижи во душата своја,
јадови во срцето свое дење и ноќе?
До кога непријателот мој ќе се издигнува над мене?
4Погледни, услиши ме, Господи Боже мој!
Просветли ги очите мои,
та да не заспијам некако во смрт;
5да не рече непријателот мој:
„Го покорив“.
Оние што ме угнетуваат,
ќе се зарадуваат ако се поколебам.
6Но, јас на милоста Твоја се надевав,
ќе се зарадува срцето мое на спасението Твое.
Ќе Му пеам на Господа, Добротворот мој,
и ќе го воспевам името на Господ Севишниот.

醒目顯示

分享

複製

None

想在你所有裝置上儲存你的醒目顯示?註冊帳戶或登入