1
Битие 9:12-13
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за сите идни поколенија: божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на вечниот завет меѓу Мене и земјата.
Ṣe Àfiwé
Ṣàwárí Битие 9:12-13
2
Битие 9:16
Божилакот ќе (Ми) биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја жива душа во секоја плот, што е на земјата.“
Ṣàwárí Битие 9:16
3
Битие 9:6
кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака; зашто човекот е создаден според образот Божји.
Ṣàwárí Битие 9:6
4
Битие 9:1
Тогаш Бог го благослови Ное и синовите негови, и им рече: „Плодете се и множете се, и полнете ја земјата (и завладејте со неа)!
Ṣàwárí Битие 9:1
5
Битие 9:3
Сѐ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сѐ ви давам, како што ви ги бев дал зелените билки.
Ṣàwárí Битие 9:3
6
Битие 9:2
А сите земни животни (и сиот земен добиток) и сите небески птици, и сѐ што лази по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени.
Ṣàwárí Битие 9:2
7
Битие 9:7
Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја!“
Ṣàwárí Битие 9:7
Ilé
Bíbélì
Àwon ètò
Àwon Fídíò