YouVersion Logo
تلاش

СОФОНИЈА 2

2
Г. Повик кон Покајание
1Соберете се, соберете се, народе бесрамен, 2пред да бидете протерани како плева што се распрснува во ден, пред да стигнат на вас Господовиот пламен и гнев, пред да стигне на вас денот на Господовиот гнев. 3Барајте Го Господа, сите скромни на земјата, сите кои ги извршувате Неговите закони! Барајте ја правдата, барајте ја смиреноста: можеби вие ќе бидете заштитени во денот на Господовиот гнев.
БОЖЈИ СУД НАД НАРОДИ
2:4-15
А. Газа и Филистејската Земја
4Да, Газа ќе стане пустина, Аскалон запустување. Азот ќе биде протеран на пладне, Акарон откорнат од основи. 5Тешко им на жителите на морскиот брег, на критскиот народ! Еве го Господовото слово против вас Ханаанците, Земјо на Филистејците: „Ќе те уништам, ќе ги истребам сите твои жители!“ 6И ќе станеш за пасење пастирско пасиште и ограда за стадо. 7И тој крај ќе му припадне на Остатокот на Јудиниот дом; таму тие ќе го водат добитокот на пасење; навечер ќе се одморуваат во аскалонските куќи, зашто ќе ги посети Господ, нивниот Бог, и Тој ќе ги врати од ропство.
Б. Моав и Амонови синови
8„Ја чув Моавовата навреда и потсмевнувањето на Амоновите синови, кога го навредуваа Мојот народ и се гордееја против нивните предели. 9Затоа, жив Сум Јас!“ - говори Господ над Војските, Израелевиот Бог, „Моав ќе стане како Содом и Амоновите синови како Гомор: поле обрастено со коприва, куп сол, вечна пустина. Остатокот на Мојот народ ќе ги ограби, најостатокот од Мојот народ ќе ги завладее.“ 10Тоа ќе биде цената за нивната гордост, зашто се воздигаа и му се потсмеваа на народот на Господа над Војските. 11Господ ќе биде страшен за нив: кога ќе ги уништи сите земни богови, пред Него ќе се поклонат - секој во својата земја - сите острови на народите.
В. Етиопија и Асирија
12„И вие, Етиопци: вие ќе бидете погубени со Мојот меч.“ 13Потоа ќе ја подигне Својата рака против Север и ќе ја разруши Асирската Земја, од Нинивија ќе направи урнатини, суво место како пустина. 14Среде неа ќе лежат: стадото, и секакви ѕверови на народите: чапли и ежови ќе почиваат ноќе на главчињата на столбовите, гласот нивни ќе ѕвечи на прозорците, и ќе оголи сѐ што е од кедрова направа. 15Тоа ли е веселиот град, што живееше во мир, кој зборуваше во своето срце: „Јас и единствено јас!“ Гледај, стана урнатина, ѕверско дувло! Сите, кои поминуваат покрај него, свират со устата и мавтаат со рацете.

موجودہ انتخاب:

СОФОНИЈА 2: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in