YouVersion Logo
تلاش

ЗАХАРИЈА 5

5
7. Видение: летечки книжен свиток
1Ги подигнав очите и видов: книжен свиток лета. 2Ангелот ме праша: „Што гледаш?“ Одговорив: „Гледам книжен свиток како лета: должината му е дваесет лакти, а ширината десет.“ 3Тогаш тој ми рече: „Тоа е проклетството што ќе ја зафати целата земја; отсега секој што краде ќе биде истеран според него оттука; и секој кој се колне лажно ќе биде истеран оттука според него. 4„Јас ќе го изведам - говори Господ над Војските - за да влезе во куќата на крадецот и во куќата на оној што се колне лажно во Моето име, та да престојува во неговата куќа и да ја уништи заедно со нејзините дрва и камења.“
8. Видение: ефа
5Ангелот кој зборуваше со мене излезе и ми рече: „Подигни ги очите и погледај што се појавува тоа?“ 6Јас го прашав: „Што е тоа?“ Тој рече: „Тоа што се појавува е ефа,“ и продолжи: „Тоа е општата расипаност на земјата.“ 7И ете, се крена оловен поклопец и една жена седи сред ефата. 8Тој рече: „Тоа е злото.“ И ја турна во ефата и ѝ фрли оловен поклопец врз отворот. 9Ги подигнав очите, видов: две жени излегуваат со ветрот со крила, а крилата им беа како штркови крила; тие ја кренаа ефата меѓу земјата и небото. 10Тогаш го прашав ангелот кој разговараше со мене: „Каде ја однесуваат ефата?“ 11Тој ми одговори: „За да ѝ изградат храм во Сенарската земја и за да ѝ подготват подножје врз кое ќе ја постават.“

موجودہ انتخاب:

ЗАХАРИЈА 5: MKB

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in