YouVersion Logo
تلاش

Марко 4

4
ГЛАВА 4
(Зачало 15)
1И пак почна#Петок од 13-та седмица по Педесетница: Во она време, почна Исус да поучува покрај морето; и се собра околу Него многу народ; и Он влезе во кораб и седеше во морето, а сиот народ беше на суво, покрај морето.
2И ги поучуваше многу со параболи, и во учењето Свое им велеше:
3Слушајте! Ете, излезе еден сејач да сее;
4и се случи, кога сееше, едни зрна да паднат покрај патот, па долетаа птиците небески и ги исколваа.
5Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу изникнаа, оти земјата не беше длабока;
6а кога изгреа сонцето, свенаа, па како немаа корен, се исушија.
7Некои паднаа во трње, и израснаа трњето, и ги задушија, и не дадоа плод.
8А други паднаа на добра земја и почнаа да даваат плод, што израсна и узреа; и принесоа: кое триесет, кое шеесет, кое сто.
9И им велеше: – Кој има уши да слуша, нека чуе!
Крај на петокот.
(Зачало 16)
10Акога остана сам, оние што беа околу Него, заедно со дванаесетте Го прашаа#Понеделник од 14-та седмица по Педесет ница: Во она време, пристапија учениците кон Исуса и насамо Го прашаа за параболата.
11И им говореше: – Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на оние, надворешните, сѐ бива во параболи;
12за да гледаат со очи, и да не видат; да слушаат со уши, и да не разбираат; оти се плашат да не се покајат некогаш, та да им се простат гревовите.
13И им рече: – Зар не ја разбирате оваа парабола? Како тогаш ќе ги разберете сите параболи?
14Сејачот го сее словото.
15Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но при кои, откако ќе го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го граби словото, посеано во срцата нивни.
16Исто и посеаното на камен ги означува оние, кои, штом ќе го чујат словото, веднаш со радост го примаат,
17но немаат во себе корен и се непостојани; и кога ќе настане жалост или гонение заради словото, веднаш се соблазнуваат.
18Посеаното во трње ги означува оние што го слушаат словото,
19но грижите за овој век, примамливото богатство и други желби, кои, кога ќе се населат во нив, го задушуваат словото и тоа останува бесплодно.
20А посеаните зрна на добра земја се оние, што го слушаат словото и го примаат и принесуваат плод: едни триесет, други шеесет, а други сто.
21И им рече: – Зар се внесува светилото за да се стави под поклоп, или под кревет? Не затоа ли, за да се стави на свеќник?
22Оти нема ништо тајно, што не ќе биде јавно; ниту, пак, нешто сокриено, а да не излезе на видело.
23Ако некој има уши да слуша, нека чуе!
Крај на понеделникот.
(Зачало 17)
24И им говореше:#Вторник од 14-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: – Внимавајте на она што го слушате: со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери, и ќе ви се придодаде вам, коишто слушате.
25Зашто, кој има, нему ќе му се даде; а кој нема, од него ќе се одземе и она што го има.
26И велеше: – Царството Божјо прилега на човек што фрли семе в земја,
27па спие, и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае.
28Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред трева, па клас, а потоа и полно зрно во класот.
29А кога ќе узрее плодот, одеднаш испраќа срп, зашто настанала жетва.
30И велеше: – Со што да го споредиме царството Божјо; или со каква парабола да го прикажеме?
31Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите семиња земни;
32а кога ќе се посее, израснува и станува поголемо од сите растенија, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески.
33И со многу такви параболи им го проповедаше словото, колку што можеа да слушаат.
34И без параболи не им говореше, а на учениците Свои насамо сѐ им објаснуваше.
Крај на вторникот
(Зачало 18)
35Тој ден, вечерта, им рече:#Среда од 14-та седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: – Да минеме на спротивната страна.
36И кога го отпуштија народот, Го зедоа со себе, како што беше во коработ, а имаше и други кораби со Него.
37И се подигна голема бура, и брановите се префрлуваа во коработ, така што тој веќе пропаѓаше.
38А Он беше на кормилото и спиеше на зглавник; Го разбудија и Му рекоа: – Учителе, зар не Ти е жал што загинуваме?
39И кога стана, му заповеда на ветрот и му рече на морето: – Молчи, престани! И ветерот стивна, и настана голема тишина.
40Па им рече: – Што сте така плашливи? Како немате толку вера?
41И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: – Кој е, пак, Овој, што и ветерот и морето Го слушаат?
Крај на средата

موجودہ انتخاب:

Марко 4: MK2008

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in

YouVersion آپ کے تجربے کو ذاتی بنانے کے لیے کوکیز کا استعمال کرتا ہے۔ ہماری ویب سائٹ کا استعمال کرتے ہوئے، آپ ہماری کوکیز کے استعمال کو قبول کرتے ہیں جیسا کہ ہماری رازداری کی پالیسیمیں بیان کیا گیا ہے۔