YouVersion Logo
تلاش

Малахија 3

3
За претечата на Месија.
1И ете, Јас ќе го испратам ангелот Свој, и тој ќе го приготви патот пред Мене, и ненадејно ќе дојде во храмот Свој Господ, Кого Го барате, и Ангелот на заветот, кого вие го пожелувате; ете, Он иде, вели Господ Саваот.
2Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање, и кој ќе устои, кога ќе се јави Он? Зашто Он е како оган, што растопува, и пепелница што чисти,
3па ќе седне Он да претопува и да чисти сребро, и ќе ги очисти синовите на Левија и ќе ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда.
4Тогаш ќе биде пријатна на Господа жртвата Јудина и на Ерусалим, како во старите времиња и како во поранешните години.
5И ќе дојде при вас за суд и ќе биде брз извршител против вражачите и прељубодејците, и против оние кои лажно се колнат и ја задржуваат наградата на наемникот, ги измачуваат вдовиците и сираците, ги одбиваат придојдените, и од Мене не се бојат, вели Господ Саваот.
6Оти сум Господ, Јас не се изменувам; затоа вие, синовите на Јакова, не бевте уништени.
7Уште од деновите на вашите татковци отстапивте од наредбите Мои и не ги запазивте; обрнете се кон Мене, и Јас ќе се обрнам кон вас, вели Господ Саваот. Вие, пак, ќе речете, како да се обрнеме?
8Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од Мене. Ќе речете: »што крадеме од Тебе? – од десетокот и од приносите.«
9Со проклетство сте проколнати, зашто Ме одбирате – вие и сиот народ.
10Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојот дом, и барем во тоа испитајте Ме, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек?
11Заради вас ќе им забранам на оние, што ги изедуваат плодовите земни, и лозата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот.
12И блажени ќе ве наречуваат сите народи, оти ќе бидете земја пожелувана, вели Господ Саваот.
13Дрски се зборовите ваши пред Мене, вели Господ Саваот. Прашувате: – што зборуваме против Тебе?
14Велите: залудно е служењето на Бога, и каква корист имаме, ако ги пазиме наредбите Негови и одиме во жална облека пред лицето на Господа Саваот?
15Ете, гордите ние ги сметаме за подобри: напредуваат оние што вршат беззаконие, па, иако Го искушуваат Господа, си остануваа незасегнати.
16Но оние, кои се бојат од Бога, си велат еден на друг: Господ гледа и го пази тоа, и пред лицето Негово се пишува споменкнига за оние што се бојат од Бога и го почитуваат името Негово.
17И тие ќе бидат Мои, вели Господ Саваот, Моја сопственост во оној ден, што ќе го приготвам, и ќе го милувам како што татко го милува синот свој, кој му служи.
18И тогаш повторно ќе ја видите разликата меѓу праведник и безбожник, меѓу оној кој Му служи на Бога и оној кој не Му служи.

موجودہ انتخاب:

Малахија 3: MK1990

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in