Марко Вовед
Вовед
Евангелието според Марко, започнува со најавата за радосната вест за Исус Христос, Божјиот Син. Исус е прикажан како моќна и силна личност, отсликана во Неговите поуки, исцелувања, истерување на демони и простување на гревови. Исус ни се претставува како „Син Човечки“, Кој дојде да се жртвува за да ги ослободи луѓето од гревот.
Ова е најкусо од четирите евангелија и претежно ги пренесува Исусовите дела, а не Неговото учење. По еден кус вовед за мисијата на Јован Крстител, крштавањето и искушувањето на Исус, Марко веднаш преминува на исцелувањата што Исус ги вршел. Со текот на времето Исусовите следбеници сѐ повеќе Го запознавале и разбирале, додека Неговите непријатели станувале сѐ понасилни. Завршните глави ги опишуваат случките од последната седмица од Неговиот живот на земјата, вклучувајќи ги и распнувањето и воскресението.
موجودہ انتخاب:
Марко Вовед: MK2006
سرخی
شئیر
کاپی
کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006