Матеј 6
6
За милостината
1 #
5,20; 23,5; Лк 16,14-15; Јн 5,44; 12,43 „Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец небесен. 2#6,5.16; 15,7; 23,13-15; Амос 4,5И така, кога даваш милостина не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда. 3А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, 4#Пс 139,2-3.6за да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“
За молитвата
5 #
6,2.16 „И кога се молиш, не биди како лицемерите, кои сакаат да стојат по синагогите и крстопатите за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам, тие веќе си ја добиле својата награда. 6#2 Цар 4,33; Ис 26,20; Дан 6,11Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Тој, Кој гледа тајно, ќе те награди (јавно). 7#1 Цар 18,27-29; Ис 1,15; Проп 5,1Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многубројни зборови ќе бидат услишени; 8#Лк 12,30вие, пак, немојте да бидете како нив, зашто вашиот Отец небесен знае од што имате потреба уште пред да Го помолите.
‚Оче наш‘
(Лк 11,2-4)
9 #
7,11; 16,17; 23,9; 3 Мојс 22,32; Ис 63,16; Ез 28,22.25; 36,23; Изреки 30,8-9; Јн 12,28 Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; 10#3,2; 12,50; 19,24; 21,31.43; 26,39.42; Ез 36,27; Мк 1,15; Јн 3,3.5; 7,17; Рим 14,17; 1 Кор 4,20; Ефес 1,5.9; 1 Сол 2,12; 2 Сол 1,5; Откр 12,10да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата; 11#Јн 6,32.35.48.50-51лебот наш насушен дај ни го денес; 12#1 Цар 8,34; Мк 11,25и прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници; 13#4,1-10; 26,41; Ис 63,16; Јн 17,11.15; 1 Кор 10,13; 1 Сол 3,5; 2 Сол 3,3; 1 Тим 6,9; Јк 1,13-14; Откр 2,10и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот, (зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!). 14#18,24-35#Ефес 4,32; Кол 3,13Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен. 15#18,35Ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите.“
За постот
16 #
6,5; Дан 9,3; Јона 3,5; Дела 14,23 „Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата нажалени за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие веќе ја добиле својата награда. 17А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, 18#Ис 58,3па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.“
За богатството на небото
(Лк 12,33-34)
19 #
24,43; Јов 22,24-26; Јк 5,2 „Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; 20#19,21; Кол 3,1-2; 1 Тим 6,19но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат. 21Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.“
Светлина за телото
(Лк 11,34-36)
22„Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде здраво и целото твое тело ќе биде светло; 23#20,15; Мк 7,21-23ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?“
Или Бог или богатство
(Лк 16,13; 12,22-31)
24 #
19,21-26; Лк 16,9.13 „Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.
За грижите
(Лк 12,22-31)
25 #
16,5-12; Пс 127,1-2; Фил 4,6; 1 Птр 5,7 Затоа ви велам: немојте да се грижите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото – од облеката? 26#10,31; Лк 12,7.24Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив? 27А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт? 28Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат; 29#1 Цар 10но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава не се облече така, како еден од нив. 30#8,26; 14,31; 16,8; 17,20; Лк 12,28Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе стори за вас, маловерни!? 31Па затоа, не грижете се и не говорете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘ 32#6,8; Лк 12,30Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. 33#Ис 51,1; Кол 3,1Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. 34#2 Мојс 16,4-5.19-20; Јк 4,13-14И затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е неговата неволја.“
موجودہ انتخاب:
Матеј 6: MK2006
سرخی
شئیر
کاپی
کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006