YouVersion Logo
تلاش

Матеј 20

20
Парабола за работниците во лозјето
1 # 21,33 „Зашто царството небесно приле­га на домаќин, кој излегол на­утро рано да изнајми работници за своето лозје. 2Па, штом се спогоди со работниците по денариј на ден, ги прати во лозјето свое. 3Потоа, кога излезе околу третиот#20,3 Тоа е околу 9 часот наутро. час и виде други како стојат на па­за­риштето без работа, 4#21,28; Кол 4,1им рече: ‚Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.‘ И тие отидоа. 5Пак излезе околу шестиот и деветтиот#20,5 Околу 12 и 15 часот. час и направи исто. 6А околу единаесеттиот#20,6 Околу 17 часот. час одново излезе и најде други, како стојат без ра­бота, и им рече: ‚Зошто стоите тука цел ден без работа?‘ 7Тие му одговорија: ‚Никој не нѐ по­вика.‘ А тој им рече: ‚Одете во моето лозје.‘ (И што е право ќе добиете.) 8#3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ‚По­ви­кај ги работниците и плати им, поч­ну­вајќи од последните па до првите.‘ 9И дојдените околу единаесеттиот час добија по денариј. 10А кога дојдоа првите, помислија де­ка ќе примат повеќе; но и тие добија по денариј; 11и штом добија, негодуваа против господарот 12и велеа: ‚Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘ 13А тој им одговори и му рече на еден од нив: ‚Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за денариј? 14Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе; 15#6,23; Мк 7,22; Рим 9,19-21зар немам право да чинам со своето што сакам? Или ти е окото завидливо, зашто сум дарежлив?‘ 16#19,30; Мк 10,31; Лк 13,30Така ќе бидат последните први, а првите – последни; (зашто мнозина се повикани, но малкумина се избрани).“
Исус по третпат ги навестува Својата смрт и воскресение
(Мк 10,32-34; Лк 18,31-34)
17И кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече: 18#7,22-23; 16,21„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, 19#26,2; Лк 24,7.46; Дела 10,40; 1 Кор 15,4и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и тепан, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“
Честољубие и вистинско служење
(Мк 10,33-45; Лк 22,25-27)
20 # 27,56 Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се, Го мо­ле­ше нешто. 21#19,28А Тој ѝ рече: „Што бараш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седат до Тебе, едниот од десно, а другиот од лево во Твоето царство!“ 22#26,39.42; Ис 51,17-23; Ер 25,15-29; Јн 18,11Исус одговори и им рече: „Не зна­ете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштавањето со кое се крш­тавам Јас?“ Тие Му одговорија: „Мо­же­ме.“ 23#24,36; 26,39И им рече: „Чашата Моја ќе ја пи­е­те, и со крштавањето, со кое се кршта­вам Јас, ќе се крстите, но да се седи на Мојата десна или лева страна, тоа не за­виси од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“ 24И десетте, штом го чуја тоа, негоду­ваа против двајцата браќа. 25#Лк 22,24-27Но Исус ги повика и им рече: „Зна­ете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив; 26#Мк 10,43-44меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; 27#Мк 9,35; Јн 13,4-15и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви служи; 28#8,20; Ис 53,10; Мк 10,45; Рим 5,6; 1 Тим 2,6како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да го даде животот Свој за откуп на мно­зина.“
Исцелувањето на двајцата слепи од Ерихон
(Мк 10,46-52; Лк 18,35-43)
29И кога излегуваше од Ерихон, по Него врвеше многу народ. 30#9,27И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, из­викаа и рекоа: „Смилувај ни се, Гос­по­ди, Сине Давидов!“ 31А народот им заповеда да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Да­ви­дов!“ 32Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“ 33#11,5Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите наши.“ 34#8,3; 9,29-30; Лк 10,33И Исус се смилува и се допре до нивните очи, и веднаш им прогледаа очите нивни; и тие тргнаа по Него.

موجودہ انتخاب:

Матеј 20: MK2006

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in