YouVersion Logo
تلاش

Матеј 10

10
Дванаесетте апостоли
(Мк 3,13-19; Лк 6,12-16)
1 # 8,29; Мк 1,34; 3,13.15; 6,7; Лк 9,1 И кога ги повика Своите два­наесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква не­моќ. 2#4,18.21; Мк 1,16; Лк 9,54; Јн 1,40-42; Дела 1,13.26; Откр 21,14А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар и Андреј братот негов; Јаков Заведеев и Јован, братот негов; 3#9,9; Мк 2,14; Јн 1,43-46.48; 6,5.7; 12,21-22; 14,5.8-9; 20,24-28Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј, цариник, Јаков Алфеев и Ле­виј, наречен Тадеј; 4#26,14; Јн 6,71; 12,4; 13,2.26; 18,2.5Симон Хананеец и Јуда Искариот, кој и Го предаде.
Мисијата на апостолите
(Мк 6,7-13; Лк 9,1-6)
5 # Лк 9,52-53; 10,30-37; Јн 4,9.40; 17,3.18; Дела 1,8 Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте; 6#15,24; Ер 50,6а одете најнапред кај загубените овци на Израеловиот дом. 7#3,2И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; 8#Ис 55,1; Лк 10,9; Дела 8,20болни лекувајте, лепрозни очисту­вај­те, мртви воскреснувајте, демони из­гонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте! 9#Мк 6,8; Лк 9,3; 10,4Не носете во појасите ваши ни зла­то, ни сребро, ниту бакар, 10#4 Мојс 18,31; 5 Мојс 24,14-15; Лк 10,7; 1 Кор 9,14; 1 Тим 5,18ни торба за пат, ни двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работни­кот ја заслужува својата награда! 11#Мк 6,10А штом влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен, и таму останете додека не си одите. 12#Лк 10,5-6И кога ќе влезете во некоја куќа, поз­дравете ја говорејќи: ‚Нека има мир во таа куќа!‘ 13И ако куќата биде достојна, вашиот мир ќе дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас! 14#Мк 6,11; Лк 9,5; 10,10-11; Дела 13,50-51Ако, пак, негде не ве примат и не ги послушаат зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши! 15#11,23-24; 1 Мојс 18–19; Лк 10,12; 17,29; Рим 9,29; 2 Птр 2,6; Јуда 1,7Вистина ви велам: полесно ќе ѝ би­де на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“
За прогонствата
(Мк 13,9-13; Лк 12,11-12; 21,12-17)
16 # Лк 10,3; Јн 10,12; Дела 20,29 „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и не­злобни како гулаби. 17Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предаваат на судовите и по синагоги­те нивни ќе ве тепаат. 18#24,14; Пс 119,46; Јн 15,27; 16,1-4И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците. 19#2 Мојс 4,10-12; Ер 1,6-10; Лк 12,11-12; Дела 4,8.31Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете. 20#2 Сам 23,2; Јн 15,26Бидејќи не сте вие што ќе говорите, туку Духот на вашиот Отец ќе говори во вас. 21#Мих 7,6И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат; 22#24,9.13; Јн 15,18.21.25и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен. 23#8,20; 16,28Ако ве бркаат од еден град, бегајте во друг. Зашто, вистина, ви велам: нема да ги обиколите израелските градови додека дојде Синот Човечки. 24#Лк 6,40; Јн 13,16; 15,20Нема ученик поголем од својот учител, ниту слуга – поголем од својот господар. 25#9,34; 12,24.27; 2 Цар 1,2Доста е за ученикот да биде како неговиот учител и на слугата да биде како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекле Велзевул, тогаш колку повеќе неговите домашни!?“
Не плашете се!
(Лк 12,2-7)
26 # Мк 4,22; Лк 8,17 „И така, не плашете се од нив; заш­то нема ништо сокриено што не ќе се открие, или тајно, што нема да се дознае. 27#Лк 12,3-4Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што ви се шепоти, разгласувајте го од покривите! 28#5,29-30; Јк 4,12; 1 Птр 3,14; Откр 2,10И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат; туку плашете се повеќе од Оној Кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот! 29Не се продаваат ли две врапчиња за еден денар? И ни едно од нив нема да падне на земја без волјата на вашиот Отец. 30#6,26; Лк 12,24; 21,18; Дела 27,34А вам и влакната на главата ви се изброени. 31Но не плашете се: вие сте поскапи од многу врапчиња.“
Јавно признавање на Исус
(Лк 12,8-9)
32 # 1 Сам 2,30 # Откр 3,5 „И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред мојот Отец небесен. 33#Мк 8,38; Лк 9,26; 2 Тим 2,12А кој ќе се одрече од Мене пред лу­ѓето, и јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен.“
Не мир, туку меч
(Лк 12,51-53; 14,26-27)
34 # Лк 2,34; 12,51 „Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да до­несам мир, туку меч. 35#Мих 7,6#Мк 13,12Зашто дојдов да разделам човек од татко си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. 36И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
Како да се биде достоен за Исус
(Мк 8,34-35; Лк 14,26-27; 9,23-24)
37 # 10,37; 19,19; 22,37-39; 5 Мојс 33,9 Кој љуби татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој љуби син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; 38#16,24; Лк 9,23и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. 39#16,25; Лк 9,24; 17,33; Јн 12,25Кој си го чува животот свој, ќе го загуби, а кој ќе го загуби животот свој заради Мене, повторно ќе си го најде.“
Наградување
(Мк 9,41)
(Мк 9,37.41; Лк 9,48; 10,16; Јн 13,20)
40 # 18,5; Лк 9,48; 10,16; Јн 12,44-45; 13,20; 1 Сол 2,13 „Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме пратил. 41#1 Цар 17,9-24Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда; и кој прима праведник во праведничко име, ќе добие праведничка награда. 42#18,5.10; 25,40; Мк 9,41И кој ќе напои еден од овие најбезначајните само со чаша студена вода во име на ученик, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“

موجودہ انتخاب:

Матеј 10: MK2006

سرخی

شئیر

کاپی

None

کیا آپ جاہتے ہیں کہ آپ کی سرکیاں آپ کی devices پر محفوظ ہوں؟ Sign up or sign in