Псалми 32

32
ПСАЛМ 32
Похвална песна за сесилниот Бог
1 # 31,11; 91,1; 146,1 Псалм на Давид.
Радувајте се, праведни, во Господа,
на чесните им прилега да славословат.
2 # 91,3; 143,9 Славете Го Господа со лира,
пејте Му на харфа со десет жици,
3 # 95,1; 97,1; 143,9; 26,6; 1 Цар 16,16.18; Ис 23,16 пејте Му песна нова;
воспевајте Го убаво и со восклик.
4 # 88,14; 5 Мојс 32,4 Зашто право е словото Господово
и сите дела Негови се веродостојни.
5 # 88,14; 118,64 Тој сака милост и суд;
со милоста Господова е исполнета зем­јата.
6 # 1 Мојс 1; 2,1; Јн 1,1; Евр 11,3 Преку словото Господово беа основани небесата
и преку Духот на устата Негова – сите сили нивни.
7 # 77,13; 1 Мојс 1,9-10; 2 Мојс 15,8; Јов 38,8-11; 38,21.36 Тој ги собира како во мев водите морски;
бездните ги сместува во сокровишта.
8 # 66,7; 101,15 Нека се бои од Господа сета земја
и нека треперат од Него сите жители на светот,
9 # 148,5; 1 Мојс 1,3.6; Ис 48,13 зашто Тој рече и тие настанаа;
Тој заповеда и се создадоа.
10 # 2,1-2; Ис 8,10 Господ ги руши плановите на незнабошците,
ги отфрла намерите на народите
и ги отфрла плановите на кнезовите.
11 # Ис 40,8; 45,9; Изреки 19,21 А планот Господов останува довека,
намерите на срцето Негово – од поколение во поколение.
12 # 143,15; 2 Мојс 19,6; 5 Мојс 7,6 Блажен е народот, кому Господ му е Бог,
и луѓето што Тој ги избрал за Свое наследство.
13 # 13,2; Ер 16,17; Јов 34,21 Господ погледна од небото,
ги виде сите синови човечки;
14од местото што го приготвил за Свое живеалиште,
погледна врз сите што живеат на земјата.
15 # 93,9-11; 138,1-16; 1 Мојс 2,7.8; Зах 12,1 Тој што поединечно ги вообличи срцата нивни,
Кому сите нивни дела Му се јасни.
16 # 19,7; 1 Цар 14,6; 17,47; Амос 2,14-16; Јудита 9,7 Не го спасува царот голема војска;
ниту џинот ќе го спаси неговата голема сила.
17Привид е дека коњот избавува,
со својата голема сила тој не може да спаси.
18 # 31,8; 33,15 Но, ете, очите Господови се врз оние што се бојат од Него,
врз оние што се надеваат на милоста Негова,
19душите им ги избавува од смрт
и ги храни во време на глад.
20 # 113,17-19 Душата наша Го чека Господа
зашто Тој е наш помошник и заштитник,
21зашто во Него ќе се весели срцето наше
и во Неговото свето име се надевавме.
22 # 89,17 Милоста Твоја, Господи, нека биде над нас,
онака како што се надевавме на Тебе.

Vurgu

Paylaş

Kopyala

None

Önemli anlarınızın tüm cihazlarınıza kaydedilmesini mi istiyorsunuz? Kayıt olun ya da giriş yapın