Создавање Вовед

Вовед
Насловот на првата библиска книга Создавање ја навестува нејзината содржина. Таа зборува за создавањето на светот, на првите луѓе и за историјата на еврејскиот народ.
Создавање: создавањето на мажот и жената (1–2); нивното прогонување од рајот (3); Каин и Авел (4); Ное и големиот потоп (6–9); Вавилонската кула (11). Настаните за кои се раскажува во овие текстови, не можат прецизно да се смес­тат во календарот на човековата историја.
Во понатамошниот текст, од 12–50 се раскажува како Бог му носи спасение на човештвото, и како Тој ги повикува во Своја служба старозаветните патријарси. Првиот е Авраам (12,1–25,18), познат по својата вера и послушност кон Бога, која и до денес им служи како образец на верните. Потоа следат Исак, Авраамовиот син и синот на Исак, Јаков (25,19–37,1), кој го добива името Израел. Понатаму, Јосиф (37,2–50,26), еден од синовите на Јаков, родоначалник на две израелски племиња, е во центарот на настаните што ќе ги одведат Јаков и останатите негови синови, заедно со нивните семејства во Египет.
Книгата Создавање, пред сѐ, претставува запознавање со Божјите дела. Таа започнува со тврдењето дека Бог го создал светот, кој е огромен, но сепак Му е целосно потчинет на Бога. Книгата завршува со ветувањето дека Бог ќе продолжи да се грижи за Својот народ. Од почетокот па до крајот на книгата главна личност е Бог: Тој им се открива на луѓето, Тој им суди, Тој ги води и го помага Својот народ. Конечно, Тој ја создава неговата историја.
Во замена за тоа Бог бара од Својот народ да верува во Него и во Неговите ветувања, да се потчинува на Неговите наредби и закони.
Во книгава е претставена древната еврејска традиција, која му помогнала на овој народ да ја осознае својата вера и да ја зачува, а преку неа и самиот да опстане.

Айни замон обунашуда:

Создавање Вовед: MK2006

Лаҳзаҳои махсус

Паҳн кунед

Нусха

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in