Лука 21

21
За дарот од една вдовица
(Мк 12,41-44)
1Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат сво­ите прилози во ризницата на храмот. 2Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти, 3#2 Кор 8,12па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица приложи повеќе од сите; 4сите овие приложија дарови на Бога од својот вишок; а таа од својата сиромаштија ја даде сета издршка што ја има­ше.“
Исус го најавува разурнувањето на храмот
(Мт 24,1-2; Мк 13,1-2)
5И додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и со заветни дарови, Тој им рече: 6#19,44; Ер 7,12-15; 26,1-19; Ез 8–11; Мих 3,12; Мт 26,61; 27,40; Мк 14,58; Дела 6,14„Ќе дојдат денови кога од сето ова што го гледате нема да остане ниту камен на камен што не ќе биде урнат.“
Блиски и далечни знаци на Судот
(Мт 24,3-8; Мк 13,3-8)
7 # 17,20; Дела 1,6 Го прашаа, пак, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков ќе биде знакот дека тоа почнува да се случува?“ 8#17,23; Ер 14,14; 1 Јн 2,18Тој рече: „Пазете се да не ве прелажат! Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, и ќе зборуваат дека сум Јас и дека времето се приближи. Но не одете по нив! 9#Дан 2,28А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба најнапред да се случи, но крајот не е вед­наш.“ 10#Ис 19,2; 2 Лет 15,6Тогаш им рече: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство; 11а на некои места ќе има и големи земјотреси, и глад и помор; ќе има страотни појави и големи знаци од небото.
Претходните прогонства и сведоштво
(Мт 10,17-22; Мк 13,9-13)
12 # 12,11; Јн 16,2 А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве гонат, предавајќи ве во синагогите и во затворите, и ќе ве водат пред цареви и управители заради Моето име. 13#24,48; Дела 1,8; Фил 1,12-13Тоа, пак, ќе ви служи за сведоштво. 14#12,11-12Затоа врежете во вашите срца, да не размислувате однапред што ќе кажете во одбрана, 15#Јн 14,18; Дела 6,10зашто Јас ќе ви дадам уста и муд­рост, на која не ќе можат да ѝ против­речат ниту да ѝ се спротивстават сите ваши противници. 16#11,49Ќе бидете предадени и од родители, и од роднини и од пријатели, и од браќа, а некои од вас ќе бидат и убиени; 17#Јн 15,18-21и ќе бидете намразени од сите заради Моето име. 18#12,7; 1 Цар 14,45; Мт 10,30; Дела 27,34Но ниту влакно од вашата глава нема да загине. 19#8,15; Мт 10,22; Евр 10,36; Откр 2,7Преку трпение ќе ги сочувате своите ду­ши.“
Исус го најавува разурнувањето на Ерусалим
(Мт 24,15-21; Мк 13,14-19)
20 # 19,43; 23,28-31 „А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, тогаш знајте дека е блиску неговото запустување. 21#17,31Тогаш, оние што се во Ју­де­ја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него, 22#5 Мојс 32,35; Ис 34,8; Ер 46,10; Ос 9,7зашто тоа се денови на одмазда, за да се исполни сѐ што е напишано. 23#1 Кор 7,26Тешко на бремените и на доилките во тие денови, зашто ќе има голема мака по земјата, и гнев врз овој народ; 24#5 Мојс 28,64; Ис 63,18; Ер 21,7; Пс 78,1; Дан 8,13; 9,26; 1 Езд 9,7; 1 Мак 3,45.51; Рим 11,25; Откр 11,2 и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во ропство меѓу сите народи; а Ерусалим ќе го газат незна­бошци, сѐ додека не се исполнат времињата на незнабошците.“
Доаѓањето на Синот Човечки
(Мт 24,29-31; Мк 13,24-27)
25 # Ис 13,10; Ез 32,7; Јоил 2,10; 3,3-4; Пс 45,2-3; 2 Птр 3,10; Откр 6,12-13 „И ќе има знаци на сонцето, и на месечината и на ѕвездите, а на земјата – мачнина кај народите од неизвесноста поради бучењето на морето и на брановите; 26#Ис 34,4; Агеј 2,6.21луѓето ќе издивнуваат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто небесните сили ќе бидат разнишани. 27#Дан 7,13; 7,14; Мт 26,64; Евр 10,37; Откр 1,7И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки како доаѓа на облак, со голема сила и слава.
Наближувањето на царството Божјо
(Мт 24,32-35; Мк 13,28-31)
28 # 1,68; Рим 8,23; 13,11; Кол 1,14 А кога ќе почне да се случува тоа, ис­правете се и подигнете ги своите глави, зашто се приближува вашето избавување.“ 29И им ја кажа оваа парабола: „Погледнете ја смоквата и сите дрвја; 30кога ќе видите дека потеруваат, са­ми знаете дека летото е веќе близу. 31#9,27; 10,11Па така и вие, кога ќе видите дека ова се случува, знајте дека се приближи цар­ството Божјо. 32Вистина ви велам, нема да помине ова поколение, додека сето ова не се случи. 33#16,17; Мт 5,18Небото и земјата ќе поминат, но зборовите Мои нема да поминат.“
Неопходно е да се биде буден
34 # 8,14; 17,27-28; Изреки 23,20; Мт 24,48-50; Мк 4,19; 1 Сол 5,3.6-7 „Но внимавајте на себе: вашите срца да не натежнат од прејадување, пи­јанство и животни грижи, за да не ве затекне ненадејно оној ден; 35#Ис 24,17зашто тој ќе дојде како стапица за сите што живеат по лицето на целата земја; 36#18,1; Мт 24,42; 25,13; 1 Птр 4,7; Откр 6,17и така, бидете будни во секое време, мо­ле­јќи се, за да се удостоите да го избегнете сето она што треба да се случи и да застанете пред Синот Човечки!“
Последните денови на Исус во храмот
37 # 19,47; 22,53; Мк 11,1.11.19; Јн 18,20 Дење Тој беше во храмот и поучу­ваше, а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората наречена Маслинова. 38И сиот народ од рано утро доаѓаше кај Него во храмот, за да Го слуша.

Märk

Dela

Kopiera

None

Vill du ha dina höjdpunkter sparade på alla dina enheter? Registrera dig eller logga in