Лука 10

10
Исус испраќа седумдесетмина ученици
(Мт 9,37-38; 10,7-16; Мк 6,8-11; Лк 9,3-5)
1 # 9,1-2; Мт 10,7-16; Мк 6,7-11 Потоа Господ назначи и други седумдесетмина и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и мес­то, ка­де и Сам сакаше да оди, 2#Ис 41,15-16; Мт 3,12; 9,37-38; Јн 4,35.38и им рече: „Жетвата е голема, а ра­ботниците се малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати ра­ботници за Својата жетва. 3Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагниња среде волци. 4#4 Цар 4,29Не носете со себе ниту ќесе, ниту торба, ниту обувки и никого по патот не поздра­вувајте! 5#1,79; 1 Цар 25,6Во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ’Мир на овој дом!‘ 6#Ер 6,12-14Па, ако има таму некој син на мирот, вашиот мир ќе почива на него; а ако, пак, нема, тој ќе се врати во вас; 7#5 Мојс 24,14-15; Мт 10,10; 1 Кор 9,6-18; 2 Кор 11,7-9; 1 Тим 5,18и во таа куќа останете, и јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не премес­ту­вајте се од куќа в куќа. 8#1 Кор 10,27Кога ќе влезете во некој град, и ќе ве примат, јадете што ќе ви се принесе; 9#11,20; 17,21; Мт 4,17лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ’Се приближи до вас царството Божјо.‘ 10А кога ќе влезете во некој град и не ве примат, излезете по неговите улици и кажете: 11#9,5; Дела 13,51’И правта од вашиот град што се прилепила на нашите нозе, ви ја истресуваме; но знајте го тоа дека се приближи царството Божјо.‘ 12#1 Мојс 19,24; Мт 10,15; Јуда 1,7Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“ 13#Ис 23; Ез 26–28; Амос 1,9-10; Зах 9,2-4; Мт 11,21„Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Зашто, ако во Тир и Си­дон се случеа великите дела што се случија кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пе­пел, ќе се беа покајале. 14Но на Тир и Сидон ќе им биде по­лесно на Судот, отколку вам. 15#Ис 14,13-15; Мт 4,13И ти, Капернауме, кој си се издигнал до небото, до адот ќе бидеш симнат. 16#Мт 10,40; 18,5; Јн 5,23; 13,20; 15,23; 1 Сол 4,8Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се от­ка­жува; а кој се откажува од Мене, се от­кажува од Оној што Ме пратил.“
Седумдесеттемина се враќаат
17 # Мк 6,30; Дела 3,16 Се вратија, пак, седумдесеттемина со радост и велеа: „Господи, во Твое име и демоните ни се по­ко­ру­ваат.“ 18#Ис 14,12; Јн 12,31; Откр 12,8-9А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња! 19#1 Мојс 3,15; Пс 90,13; Мк 16,18Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја не­пријателска сила; и ништо нема да ви наштети; 20#2 Мојс 32,32; Ис 4,3; Пс 68,28; Дан 12,1; Мт 7,22; Фил 4,3; Откр 3,5; 21,27но не радувајте се на тоа што ду­хо­вите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на не­бесата.“
Исус се радува
(Мт 11,25-27; 13,16-17)
21 # 4,1; Ис 29,14 Во тој час Исус се зарадува во Духот и рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си им го открил на децата. Да, Оче, зашто таква беше Твојата волја.“ 22#Мт 28,18; Јн 3,35; 10,15; 13,3Па, откако се сврте кон учениците, рече: „Сѐ Ми е предадено од Мојот Отец; и никој не знае Кој е Синот, освен Отецот; и никој не знае Кој е Отецот, освен Си­нот, и оној кому Синот сака да му Го открие.“ 23#Мт 5,3И откако се сврте кон уче­ни­ците, насамо им рече: „Блажени се очите кои го гледаат ова што го гледате вие. 24#Рим 16,24; 1 Птр 1,10-12Зашто ви велам: многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие и не видоа; и да чујат што слушате вие и не чуја.“
Љубовта е пат до вечниот живот
(Мт 22,34-40; Мк 12,28-31)
25 # 3,10; 11,16; 18,18; Мт 16,1; Мк 10,2; Дела 2,37 И ете, стана еден законик и, искушу­вајќи Го, рече: „Учителе, што да направам за да наследам вечен живот?“ 26А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ 27#3 Мојс 19,18; 5 Мојс 6,5; 10,12; Ис.Н. 22,5; Мт 5,43; 19,19; Рим 13,9; Гал 5,14Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себеси!“ 28#3 Мојс 18,5; Рим 10,5; Гал 3,12Му кажа: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“
Кој е мојот ближен? Парабола за милостивиот Самарјанин
29Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мојот ближен?“ 30Исус му одговори и рече: „Еден чо­век, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа, го претепаа и си отидоа, оставајќи го полумртов. 31Случајно слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, го одмина. 32Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, го виде и го одмина. 33#9,52Еден, пак, Самарјанин, кој патува­ше, кога дојде до него, го виде и се со­жали. 34#2 Лет 28,15И откако пријде, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на својот добиток, го од­несе во гостилница и се погрижи за не­го. 35А утредента, на заминување, извади два динарија, му ги даде на гостил­ни­ча­рот и му рече: ’Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ 36Кој од тие тројца ти се чини дека се покажа како ближен на оној што пад­на во рацете на разбојниците?“ 37#Мт 7,21А тој рече: „Оној што му пока­жа милост.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“
Исус кај Марија и Марта
38 # Јн 11,1; 12,2-3 И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го при­ми во својот дом. 39#8,35; 5 Мојс 33,3А таа имаше сестра што се викаше Марија, која седна до Исусовите нозе и го слушаше Неговото слово. 40#8,3; 1 Кор 7,35Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога пријде, Му рече: „Гос­поди, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“ 41А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи. 42#12,31; Мт 6,34; Јн 6,27; Дела 6,2Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се од­земе.“

Märk

Dela

Kopiera

None

Vill du ha dina höjdpunkter sparade på alla dina enheter? Registrera dig eller logga in

YouVersion använder cookies för att anpassa din upplevelse. Genom att använda vår webbplats accepterar du vår användning av cookies enligt beskrivningen i vår Integritetspolicy