Јован 3

3
Исусовиот разговор со Никодим
1 # 7,50; 19,39 Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, јудејски началник. 2#9,16.33; Мт 22,16; Дела 10,38Тој дојде кај Исус ноќе и Му рече: „Рави! Знаеме дека си учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ 3#1,13; Мт 4,17; 6,10; Тит 3,5; Јк 1,17-18; 1 Птр 1,23; 1 Јн 3,9Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ 4Никодим Му рече: „Како може чо­век да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на својата мајка и да се роди?“ 5#Ис 44,3; Ез 36,25-27; Мт 5,20; 2 Птр 1,11А Исус му одговори: „Вистина, вис­тина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во цар­ството Божјо; 6#6,63; 1 Мојс 6,3; 1 Кор 15,50; 1 Птр 1,3она што е родено од телото, тело е; а она што е родено од Духот, дух е. 7#1 Кор 15,44-50Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. 8#6,63; 14,17; Ис 32,15; 44,3; 59,21; Ез 37,9; Јоил 2,28–3,2; Пс 77,39; Проп 11,5Ветрот дува каде што сака и неговиот шум го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“ 9Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“ 10#Ез 11,9Исус одговори и му рече: „Ти си учител на Израилот, и тоа ли не го зна­еш? 11#3,32; 5,19.31-32; 18,37; 1 Кор 2,14Вистина, вистина ти велам: ние збо­руваме за она што го знаеме, и сведочиме за она што сме го виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. 12#Мудр 9,16; Лк 22,67; Рим 1,16Кога за земни работи ви зборував и не верувате, како ќе поверувате ако ви говорам за небесните? 13#5 Мојс 30,12; Изреки 30,4; Ефес 4,9Никој не се искачил на небото, ос­вен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото. 14#8,28; 12,32.34; 4 Мојс 21,4-9; Мудр 16,5-7; Мт 8,20И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се из­диг­не и Синот Човечки, 15#20,31; 1 Јн 5,11-13.20та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. 16#1 Мојс 22,16-17; Мт 21,37; Рим 8,32; 1 Јн 4,9-10Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. 17#3,36; 8,15-16; Лк 19,10; 2 Кор 5,19Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18#5,24Оној што верува во Него – нема да биде суден, а оној што не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Еди­но­родниот Син Божји. 19#1,5.9-11; 8,12; 1 Јн 1,7А ова е судот: светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. 20#Јов 24,13-17; Ефес 5,11-13Зашто секој, што прави зло, ја мра­зи светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела. 21#Тов 4,6А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи во Бога се извршени.“
Исус и Јован
22 # 4,1-2 Потоа дојде Исус со Своите ученици во Јудејската земја и таму живе­еше со нив и крштеваше. 23#Мт 3,6А Јован крштеваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштеваа, 24#Мт 4,12; 14,3; Лк 3,20зашто Јован уште не беше фрлен во затвор. 25Тогаш настана расправија меѓу Јовановите ученици и некој Јудеец околу очистувањето. 26#12,19; Лк 7,18И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Ра­ви, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крш­те­ва и сите одат кај Него.“ 27#19,11; 1 Кор 4,7; Евр 5,4; Јк 1,17А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му биде дадено од небото. 28#1,20; Мал 3,1; Мт 11,10Вие самите сведочите дека реков: ’Јас не сум Христос, но сум ис­пратен пред Него.‘ 29#15,11; Ис 62,4-5; Ез 16,8; Ос 1,2; 2,21; Мт 9,15; 25,1; 2 Кор 11,2; 2 Јн 1,12; Откр 21,2; 19,7.9Оној што ја има невестата е мла­до­женец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа, пак, моја ра­дост се исполни. 30#2 Цар 3,1Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“
Тој што доаѓа одозгора
31 # 3,13; 8,23; 1 Јн 4,5 „Оној што доаѓа одозгора, Тој е над сите; а оној што е од земјата, земен е и како земен зборува. Оној што доаѓа од небото, Тој е над сите. 32#3,11; 1 Јн 5,10И за она што видел и чул, за тоа све­дочи; и Неговото сведоштво не го прима никој. 33#7,28; 8,26А тој што го примил Неговото све­доштво, потврдил дека Бог е вистинит. 34#13,3; 16,27Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Ду­хот неизмерно. 35#5,20; 10,17; Мт 11,27; 28,18Отецот Го љуби Синот и сѐ Му предаде во Неговата рака. 36#3,16-18; Рим 2,8; Ефес 5,6; 1 Јн 5,13Оној што верува во Синот, има вечен жи­вот; а оној што не верува во Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев ќе остане врз него.“

Märk

Dela

Kopiera

None

Vill du ha dina höjdpunkter sparade på alla dina enheter? Registrera dig eller logga in