YouVersion
Pictograma căutare

Псалми 21

21
ПСАЛМ 21
Молитва на праведникот за време на страдање
1За крајот: псалм на Давид за утрената поткрепа.
2 # Мт 27,46; Мк 15,34 Боже, Боже мој, чуј ме; зошто си ме оставил?
Далеку се од спасението мое зборовите на прегрешенијата мои.
3 # 87,1.9; Авак 1,2; Плач 3,8 Боже мој, ќе викам дење и нема да ме слушнеш,
дури и ноќе, и тоа нема да биде безумно за мене.
4 # Ис 6,3; 57,14 А ти во светињата живееш,
Пофалбо Израилска!
5На Тебе се надеваа татковците наши;
се надеваа и Ти ги избави.
6 # Суд 3,9.15 Кон Тебе повикаа и беа спасени,
на Тебе се надеваа и не се посрамија.
7 # Ис 41,14; 51,12; 52,2; Јов 25,6; Јн 19,5 Јас, пак, сум црв, а не човек,
прекор сум за луѓето и презир за народот.
8 # 43,13-14; 63,8; 108,25; 4 Цар 19,21; Ис 37,22; Ер 18,16; Јов 16,4; Плач 2,15; Мт 27,39; Мк 15,17-20; Јн 19,2-3 Сите што ме гледаа, се подбиваа со мене,
говореа со усните, нишаа со главите:
9 # 36,5; Мудр 2,13; 2,18-20; Мт 27,43; Мк 15,30-32; Лк 23,35-37 „Се надеваше на Господа – нека го избави!
Нека го спаси штом го сака!“
10 # 70,5-6; 138,13-16; Ис 44,2.24; 45,2; 48,1; Ер 1,5; Јов 10,8-12 Зашто Ти ме избави од утробата,
надеж моја си уште од градите на мајката моја.
11Кон Тебе сум приврзан од зачнувањето,
од утробата на мајката моја Ти си Бог мој.
12 # 34,22; 37,21; 39,13; 70,12 Не отстапувај од мене, зашто неволјата е близу,
а нема кој да ми помогне.
13Ме опколија многу јунци,
угоени бикови ме опкружија;
14 # 16,12 ја отворија устата своја против мене
како лав кој граба и рика.
15Како вода се разлеав и се распрснаа сите коски мои;
срцето ми стана како восок што се растопува среде утробата моја.
16 # Јн 19,28 Се исуши како цреп снагата моја
и јазикот ми се прилепи за грлото,
Ти ме доведе до смртниот прав.
17 # 58,6.14; Јов 30,1; Мт 7,6; Фил 3,2; Плач 2,15 Зашто мноштво пци ме опкружија,
ме опколи соборот на злобните;
ги прободоа рацете и нозете мои.
18Ги изброив сите коски мои,
а тие, пак, гледаа втренчено во мене.
19 # Мт 27,35; Јн 19,24 Ги разделија алиштата мои меѓу себе
и за облеката моја фрлија ждрепка.
20Но Ти, Господи, не оддалечувај ја помошта Своја од мене –
поитај да ме заштитиш.
21 # 34,17 Избави ја од меч душата моја
и од кучешката рака единствената моја.
22 # 7,2; 16,12; 56,4; 2 Тим 4,17 Спаси ме од устата на лавот
и мојата смиреност – од роговите на еднорозите.
23 # 34,18; 39,9; Евр 2,12 Името Твое ќе го објавувам на браќата мои,
среде собранието со песна ќе Те фалам.
24Вие што се боите од Господа – фалете Го!
Сите од семето Јаковово – прославете Го!
Нека се бои од Него целото семе Израилево.
25Зашто не го презре ниту се навреди од молењето на бедниот,
ниту го сврти лицето Свое од мене,
и кога повикував кон Него, Тој ме услиша.
26Од Тебе е пофалбата моја во великото собрание;
заветите мои ќе ги исполнам пред оние што од Него се бојат.
27Ќе јадат бедните и ќе се наситат
и ќе Го фалат Господа оние што Го бараат;
живи ќе им бидат срцата во вечни векови.
28 # 71,8-11; Ис 45,22; 51,8 Ќе се сетат и ќе се обратат кон Господа сите краишта земни
и ќе се поклонат пред Него сите родови од народите.
29 # Зах 14,9; Авд 1,21 Зашто Господово е царството
и Тој владее над народите.
30Јадеа и се поклонија сите моќници земни,
пред Него ќе паднат сите кои слегуваат во земјата;
а душата моја за Него живее.
31 # 47,13; 70,18; 77,3-8; 101,18; 2 Мојс 10,2; 12,25-26; 12,7.13-14; 5 Мојс 4,9; 6,6.19-24; 31,7; Ефес 2,7; Пс 70,18-19; 101,18 И семето мое ќе Му служи Нему;
ќе им се раскажува за Господа на идните поколенија,
32на народот што ќе се роди ќе му раскажуваат за правдата Негова,
за она што го направи Господ.

Evidențiere

Partajează

Copiază

None

Dorești să ai evidențierile salvate pe toate dispozitivele? Înscrie-te sau conectează-te