1
Битие 32:28
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
Тогаш му рече: „Отсега името нема да ти биде Јаков, туку Израил; зашто се бореше со Бога, и со луѓето и ги победи.“
Comparar
Explorar Битие 32:28
2
Битие 32:26
Па тогаш рече: „Пушти Ме веќе, зора е!“ Но Јаков одговори: „Нема да Те пуштам, додека не ме благословиш!“
Explorar Битие 32:26
3
Битие 32:24
А кога остана Јаков сам, тогаш Некој се бореше со него до зори.
Explorar Битие 32:24
4
Битие 32:30
И Јаков го нарече она место со името Пениел, зашто рече: „Бога Го видов лице в лице, и останав жив.“
Explorar Битие 32:30
5
Битие 32:25
И кога виде дека не може да го совлада, му го стегна зглобот на бедрото негово, така што на Јаков му се измести колкот од зглобот додека се бореше со Него.
Explorar Битие 32:25
6
Битие 32:27
И му рече: „Како се викаш?“ А тој одговори: „Јаков.“
Explorar Битие 32:27
7
Битие 32:29
А Јаков праша и рече: „Кажи ми го името Твое!“ А Тој одговори: „Зошто прашуваш за името Мое? (Тоа е чудно.)“ И го благослови таму.
Explorar Битие 32:29
8
Битие 32:10
Не сум достоен за сите милости и добрини што му ги направи на слугата Твој; зашто само со стап го минав овој Јордан, а сега сум господар на два табора.
Explorar Битие 32:10
9
Битие 32:32
Затоа синовите на Израил не ја јадат жилата кај зглобот од бедрото сѐ до денешен ден, бидејќи Јаков беше повреден во зглобната жила од бедрото.
Explorar Битие 32:32
10
Битие 32:9
И пак рече Јаков: „Боже на таткото мој Авраам, Боже на таткото мој Исак, Господи, Ти, Кој ми рече – ‚Врати се во земјата каде што си роден, и Јас ќе ти бидам добротвор!‘
Explorar Битие 32:9
11
Битие 32:11
Спаси ме од рацете на братот мој, од рацете Исавови, зашто се плашам од него да не би, кога ќе дојде, да ме убие мене, и мајките и децата.
Explorar Битие 32:11
Início
Bíblia
Planos
Vídeos