YouVersion လိုဂို
ရှာရန် အိုင်ကွန်

Битие 4

4
Каин и Авел
1Потоа Адам легна со жената своја Ева, која зачна и го роди Каин, и рече: „Придобив човек од Господ!“ 2Го роди уште и братот негов Авел. И Авел стана овчар, а Каин беше земјо­делец. 3По некое време Каин Му принесе на Господ дар од земните плодови; 4#Евр 11,4а и Авел исто така принесе од први­ната на стадото свое и од нивната маст. И Господ погледна благонаклоно на Авел и на неговите дарови; 5а на Каин и на неговите дарови не погледна благонаклоно. Затоа Каин многу се разлути, и лицето му се на­мршти. 6#Јона 4,4Тогаш Господ му рече на Каин: „Зошто се лутиш? Зошто се помрачи лицето твое? 7Зарем, кога правиш добро, не си ведар во лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата: тој те влече кон себе, но ти надвладај го!“ 8#Мудр 10,3; 1 Јн 3,12И му рече Каин на својот брат Авел: „Да појдеме в поле!“ А кога беа во полето, Каин скокна на својот брат Авел, и го уби. 9Тогаш Господ (Бог) му рече на Каин: „Каде е братот твој, Авел?“ А тој одговори: „Не знам; зарем јас сум чувар на брат ми?“ 10#Мт 23,35; Евр 12,24А (Господ) рече: „Што направи? Чуј! Крвта на братот твој вика од земјата кон Мене. 11Затоа да си проклет на земјата, што ја отвори устата своја да ја прими крвта на братот од раката твоја. 12Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема повеќе да ти дава изобилен род; ти ќе бидеш изгнаник и скитник по земјата!“ 13А Каин му рече на Господ: „Казна­та моја е толку голема, што не може да се носи. 14#Јов 15,20-25; Изреки 28,17Ете, денес ме истеруваш од плодната земја, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам прогонет и скитник по земјата: значи, секој што ќе ме сретне, може да ме убие.“ 15#Ез 9,4-6; Мт 18,22А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!“ И му стави Гос­под знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне. 16#Дела 7,3И си отиде Каин од пред лицето на Господ, и се насели како прогонет во земјата Нод, источно од Едем.
Потомците на Каин
17И легна Каин со жената своја, и таа забремени и го роди Енох. Потоа соѕида град и го нарече според името на својот син – Енох. 18На Енох му се роди Ирад; а Ирад го роди Мехујаел; Мехујаел, пак, го роди Матусал, а Матусал го роди Ламех. 19Ламех зеде две жени: на едната ѝ беше името Ада, а на другата Цила. 20Ада го роди Јавал, тој е татко на оние што живеат во шатори со стада. 21А на братот негов името му беше Јувал; тој беше татко на сите што свиреа на гусли и шупелки. 22Цила, пак, го роди Тувал-Каин, кој беше ковач на секакви работи од бакар и железо; а сестра на Тувал-Каин му беше Ноема. 23#2 Мојс 21,23-25И им рече Ламех на жените свои, Ада и Цила: „Чујте го гласот мој, жени Ламехови; послушајте ги зборовите мои: убив човек поради рана и младич заради модрица. 24#Мт 18,22Ако за Каин треба да се одмазди седумпати, за Ламех ќе се одмазди седумдесет и седумпати!“ 25Адам пак легна со жената своја, и таа му роди син, и му даде име Сит. Зашто (таа) рече: „Господ ми даде син место Авел, кого го уби Каин.“ 26#2 Мојс 3,14; Лк 3,38И на Сит му се роди син, кого го нарече Енох. Тогаш почна да се призовува името Господово.

လက်ရှိရွေးချယ်ထားမှု

Битие 4: MK2006D

အရောင်မှတ်ချက်

မျှဝေရန်

ကူးယူ

None

မိမိစက်ကိရိယာအားလုံးတွင် မိမိအရောင်ချယ်သောအရာများကို သိမ်းဆည်းထားလိုပါသလား။ စာရင်းသွင်းပါ (သို့) အကောင့်ဝင်လိုက်ပါ