Матеј 4

4
Исусовите искушувања
(Мк 1,12-13; Лк 4,1-13)
1 # 3,1; 5 Мојс 8,2; Евр 2,18; 4,15 Тогаш Духот Го одведе Исус во пустината, за да биде искушуван од ѓаволот. 2#1 Мојс 7,4; 2 Мојс 24,18; 34,28; 4 Мојс 14,34; 5 Мојс 9,9.18; Дела 1,3И, откако постеше четириесет дена и четириесет ноќи, најпосле огладне. 3#4,3.6; 11,27; 5 Мојс 1,31; Ос 1,10; Пс 2,7А иску­шу­вачот пристапи до Него и Му рече: „Ако си Син Божји, за­поведај овие камења да станат лебови.“ 4#5 Мојс 8,3А Тој, одговорајќи, рече: „Напи­ша­но е:
’Човек нема да живее само од леб,
туку и од секој збор што излегува од устата на Бога.‘“
5 # Ис 52,1; Неем 11,1; Откр 21,2.10 Тогаш ѓаволот Го одведе во светиот град, Го постави на стреата од хра­мот 6#Пс 91,11.12и Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се долу, зашто е напишано:
’На Своите ангели ќе им заповеда за Тебе да Те запазат,
и на раце ќе Те земат
за да не си ја сопнеш ногата од камен.‘“
7 # 2 Мојс 17,2-7; 4 Мојс 14,22; 5 Мојс 6,16; Пс 77,18; 1 Кор 10,9 А Исус му рече: „Напишано е и ова: ’Не искушувај Го Господа, Твојот Бог.‘“ 8#17,1; Ез 40,2Ѓаволот повторно Го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава 9и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш ничкум и ми се поклониш.“ 10#16,23; 5 Мојс 6,13; 10,20Но, Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано:
’На Господ, твојот Бог, да Му се поклонуваш
и са­мо Нему да Му служиш!‘“
11 # Мк 1,13 Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш дојдоа ангели и Му служеа.
Исусовата служба во Галилеја
(Мк 1,14-15; Лк 4,14-15)
12 # 14,3; Лк 3,20 А кога Исус слушна дека Јован е затворен, отиде во Галилеја. 13#8,5; 11,23И, оставајќи го Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во Завулоновите и Не­ф­та­лимовите краишта, 14за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:
15 # Ис 9,1-2 „Завулоновата земја и Нефталимовата земја,
на пат кон морето, отаде Јордан,
е незнабожечка Галилеја.
16 # 10,27; Лк 1,79; Јн 8,12; Дела 26,18; 1 Кор 4,5; 2 Кор 4,6 Народот, што седеше во темнина,
виде голема светлина
и на оние, што седеа во смртната област и во сенка,
им изгреа светлина.“
17 # 3,2; 5,3; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,21 Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“
Исус ги повикува првите ученици
(Мк 1,16-20; Лк 5,1-11)
18 # 10,2; 19,27; Мк 3,16.18; Јн 1,35-42; 6,8; Дела 2,14; 1 Птр 1,1 И, одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа: Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари. 19#8,1.19-22; 13,47-50; Јн 21,3.19; 1 Птр 2,21; Откр 14,4И им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ 20И тие веднаш ги оставија мре­жите и тргнаа по Него. 21#10,2; 17,1; Лк 5,10; Дела 1,13; 8,14-17; 12,2Откако продолжи понатаму, виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, кои беа во кораб со татко им Заведеј и си ги крпеа мрежите, и ги повика. 22#19,27И тие веднаш ги оставија коработ и својот татко, и тргнаа по Него.
Исус поучува и лекува
(Лк 6,17-19)
23 # 9,35; 24,14; Ис 52,7; Мк 1,14.39 И Исус одеше по цела Галилеја, поучувајќи по нивните синагоги, ­проповедајќи го благовестието за цар­ството и лекувајќи секаква болест и немоќ кај народот. 24#8,16; Мк 1,32-34; 6,55-56; Дела 5,16; 10,38Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведоа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, ме­сечари, неподвижни, а Тој ги излекува. 25#Мк 3,7-8И по Него одеше многу народ од Галилеја, Десетградието, од Ерусалим, од Јудеја и од другата страна на Јордан.

Одоогоор Сонгогдсон:

Матеј 4: MAK2023

Тодруулга

Хуваалцах

Хувилах

None

Тодруулсан зүйлсээ бүх төхөөрөмждөө хадгалмаар байна уу? Бүртгүүлэх эсвэл нэвтэрнэ үү