Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус

Од Jesus Film Project

ПОВРЗАНИ ДЕЛОВИ ОД ПИСМОТО

Документарната драма за животот на Исус Христос, филмот „ИСУС“ е преведена на над 1400 јазици од премиерата во 1979 година. Тој останува најпреведуваниот и најгледаниот филм во историјата. Пасторот Рик Ворен (Rick Warren), авторот на книгата „Постигни ја целта“ (The Purpose Driven Life), вели дека „филмот ‚ИСУС‘ е најефективната алатка за евангелизација која воопшто била измислена.“ Над 450 верски лидери и научници го евалуирале сценариото за да се осигураат во неговата историска и библиска веродостојност. Сценариото е тесно поврзано со Евангелието според Лука, така што речиси секој збор на Исус е земен од Библијата. Интензивните напори да се долови палестинската култура од пред 2000 години, меѓу другото вклучија и рачно исткаени облеки во само 35 бои кои тогаш се користеле, предмети од печена глина направени со методи од првиот век и отстранување на телефонски бандери и далноводи од пејзажот. Филмот „ИСУС“ бил сниман на вкупно 202 локации во Израел во 1979 година, со над 5000 статисти Евреи и Арапи. Секогаш кога било возможно, сцените се снимале на истите места каде што навистина се случиле пред 2000 години.