божиќ о, дојдете да го прославиме!Примерок
Anno Domini, година Господова. Календарот на целата планета се врти околу една дата – раѓањето на Исус Христос. Без разлика дали ние веруваме или не веруваме во тоа кој Христос тврдеше дека е, сепак неговото раѓање останува почетна точка според која целиот свет живее. Овој настан ја промени историјата.
Никогаш досега зборот „Спасител“ не бил употребен. „Таа ќе роди Син и ќе му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови“ Матеј 1:21. Што е Спасител и зошто нам ни е потребен? Бог го постави својот стандард, совршенство. Човештвото набргу го сфати залудниот обид да живее според тој стандард. Правејќи напори да му угодат на Бог, открија дека не постои таков начин. Преку вера и само преку вера во животот, смртта и воскресението на Исус Христос, патот до Бог стана возможен. Неговиот живот стана совршен откуп кој Бог го побара. Сето ова започна со едно навидум незначајно раѓање на едно дете во Витлеем.
Ова кратко четиринеделно библиско проучување е наменето да ни го привлече вниманието кон понизното доаѓање на Спасителот во нашите животи. Како што ќе го читате, размислувате и како што ќе го проучувате Божјиот збор, длабоко во вас ќе започнат да се случуваат прекрасни промени. За вас Божиќната сезона ќе стане едно возбудливо време на подготовка, како што ќе проучувате делови од библијата кои се поврзани со Неговото доаѓање.
Ѕирнете во овие четири приказни. Ќе се најдете помеѓу слаткиот мирис на сеното и звуците на бучниот храм. Ќе ја видите ѕвездената ноќ и ќе ги прегрнете малите рачиња на новороденчето. Ќе имате можност да почувствувате како е да се биде жив сведок на една голема објава и ќе можете да се придружите на целото создание, поклонувајќи Му се на Кралот со почит.
Бог го испланирал овој момент од вечноста во минатото. Исус дојде точно на време. Ајде да се подготвиме.
Секој ден: читај ја библијата, моли се за да можеш да го разбереш тоа што го читаш и одговори на прашањата.
Понизното доаѓање
Набројте што учите во врска со доаѓањето на Спасителот?
Што е тоа што ве изненадува во врска со Неговото доаѓање?
Свето Писмо
Опис за овој план
Овој четиринеделен, божиќен план за библиско проучување, е наменет да ни го привлече вниманието кон понизното доаѓање на Спасителот во нашите животи. Ова проучување вклучува четири приказни од евангелијата според Матеј и Лука. Ние ќе учиме за Господовиот божествен план за раѓањето на Исус Христос и ќе искусиме како е да се биде присутен на тие настани.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Neighbor Bible Studies (NBS2GO), Joan Parsons и Rebecca Davie затоа што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://www.nbs2go.com/index.php/youversion-subscriber-welcome/