Живеј живот со цел!Примерок
„Проширувањето на Љубовта кон другите”
Со блескава и зајакнувачка љубов за Бога спроведена во нашите животи, нашиот капацитет да ги сакаме другите луѓе последователно ќе зајакне исто така. Со созревачка љубов кон другите се појавува и зајакнувачка желба да ја покажуваме таа љубов, притоа исполнувајќи една од најважните цели за која Бог нè создал – да правиме добри дела за другите.
Планот на Бога отсекогаш беше да ја придружиме љубовта со дела. Секој од нас има место во големиот план на Бога да ги трогне животите на другите со добри дела.
Секогаш кога ние ќе допреме нечиј живот со љубезен збор, ќе одговориме на одредена потреба, или едноставно имаме внимателен слух за нечие срце кое болува, ние не само што ја изразуваме нашата љубов, туку и Божјата љубов за нив преку нас. Вака, ние стануваме клучни двигатели ја шириме блескавата Божја слава силно во свет кој инаку е исполнет со темнина и безнадежност.
Да блескаме со нашата светлина навистина е да дозволиме на Божјата љубов да заблеска преку нас. Има три различни начини да ја шириме светлината на Божјата слава кон другите:
1. Биди ефективен сведок;
2. Служи им на другите;
3. Партнерство со христијани.
Да ја спроведеме својата вера во дела на овие три начини им овозможува и на другите да ја доживеат Божјата љубов, благодат и милост, сè за Неговата слава.
Свето Писмо
Опис за овој план
Радосното живеење со цел е врз основата на врските, љубовта и верата. Ако бараш повеќе јаснотија за Божјиот план во твојот живот, влучи го овој план за да ти помогне да ги фокусираш своите потрага и откритие. Преземено од книгата „Вон овој свет: Христијански водич за раст и цел” од Дејвид Џ. Свандт.
More
Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk