Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Твојата најдобра инвестиција! Примерок

Твојата најдобра инвестиција!

3 ДЕН ОД 5

„Читај ја Библијата редовно”

Повеќето од нас би се сложиле дека Библијата ни дава прилично многу материјал за читање – дел од кој понекогаш ни се чини изобилен и нејасен. Еве неколку факти за Библијата кои ќе ти помогнат да раководиш со твоето време за читање со референтен систем и подобро разбирање.

Најпрвин, ќе откриеш дека Библијата е поделена на два дела:

Стариот Завет е збирка на списи започнувајќи со создавањето на светот, историјата на луѓето од Израел – вклучувајќи го и нивниот пораз како нација, заробувањето од страна на нивните непријатели како резултат на тоа, и најпосле нивното враќање за повторно да го окупираат Ерусалим неколку стотици години пред Христовото раѓање. Стариот Завет исто така е и Божјиот закон за луѓето од Израел.

Новиот Завет е збирка од списите започнувајќи малку од пред раѓањето на Исус, продолжувајќи со Неговиот живот и служба, Неговата смрт и воскресение како наш Спасител, и најпосле основањето и ширењето на Неговата Црква низ светот. Пораката за слобода во Христа по милоста како што е откриено во Новиот Завет ја исполнува и заменува потребата за ритуалите кои се наметнати во Стариот Завет.

Второ, и воопшто кажано, има три вида списи кои ќе ги најдеш низ Стариот и Новиот Завет во Библијата:

Историски аспект – списи кои ја раскажуваат вистинската приказна и даваат важна историска перспектива за луѓето и важните настани.

Упатствени списи – книги и стихови кои даваат упатство во многу аспекти на христијанското живеење, црковната организација и лични и семејни прашања без особено давање на историски аспект за настаните.

Инспиративни списи - поетско, уметничко пишување создадено да нè охрабри, воздигне и да ја изрази емоцијата од авторот до читателот.

Списите од Новиот Завет кои даваат историско гледиште на животот и службата на Исус се Книгите по Матеј, Марко, Лука и Јован. Овие четири книги исто така се познати и како Посланија. Апостолските Дела е друга историска книга во Новиот Завет која го aрхивира основањето и ширењето на христијанската црква по смртта и воскресението на Исус.

Книгите на Новиот Завет кои претставуваат Упатствени списи се од Римјаните до Јуда. Ова се вистински писма од црковните водачи кои даваат совет и упатство на други христијани и цркви низ светот.

Псалмите од Стариот Завет се одличен пример за Инспиративни списи. Подолу е инспиративна форма од Псалм која нè осигурува за благословите кои Бог ги дава на оној кој редовно го спроведува Божјиот збор во својот живот.

„Туку му омилел Законот Господов и за Законот Негов дење и ноќе гриж¬ли¬во размислува; тој е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава на¬вре¬ме, и чиј лист не венее; и во сѐ што пра¬ви, напредува“. – Псалм 1:2 -3

За да се посади семето на Божјиот збор во нашите животи, ние треба читањето на Библијата да го направиме дел од нашата секојдневна рутина.

Како што семето на Божјиот збор цвета во твојот живот, Неговите благослови стануваат сè повеќе очигледни. Ти ќе примиш сила од Неговиот збор за да те одржува дури и низ времиња на суша и тешкотија.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Твојата најдобра инвестиција!

Стекнувањето благословена и изобилна придобивка започнува со правење на вистинската инвестиција. Ако си нов христијанин, нема поголема инвестиција којашто можеш да ја направиш во твојата вера отколку редовното користење на Божјиот Збор. Почни овде за да си помогнеш во успешното читање, разбирање и применување секој ден. Преземено од книгата „Вон Овој Свет: Христијански водич за раст и цел“ од Дејвид Џ. Свандт.

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk