Бог е _______Примерок
Бог е Верен
Потоа [ГОСПОД] помина пред лицето на Мојсеј, и извика, “Господ, Господ, човекољубив и милостив Бог, долготрпелив, полн со љубов и верен, кој ја одржува правдата и покажува милост на илијадници, кој проштава беззаконија, неправди и гревови, но кој виновните не ги остава неказнети, кој за гревови на татковците ги казнува децата, дури и внуците до третото и четвртото колено.” Излез 34:6-7 NIV
Само што разгледавме неколку Божји карактеристики, и можеме да најдеме уште многу повеќе во Писмото. Но во Излез, глава 34, Бог ни открива пет специфични нешта за Себе и Мојсеј: Тој е сочувствителен, милостив, долготрпелив, полн со љубов и верен.
Во истата глава, Бог му кажува на Мојсеј дека не дозволува на виновните да поминат неказнети. Ова изгледа малку напнато, нели? Бог сака луѓето да знаат дека е полн со љубов и верен и долготрпелив … но исто така ќе ги казни оние кои заслужуваат. Како да ја помириме оваа тензија помеѓу Божјата праведност и љубов?
За почеток, ние тежнееме да гледаме на работите црно-бело. Но Бог ги надминува границите кои ние сме способни да ги поставиме. Тој не само што е полн со љубов—Тој исто така е праведен, што е причината зошто Тој не може да дозволи виновните да поминат неказнето. Тој исто така е милостив, што значи дека во исто време додека казнува неколку генерации, тој покажува љубов на илијадници други.
Божјата љубов и правда се прикажани во Писмото. Тие се голем дел од Неговата верност.
Големите Божји планови да ја обноват нашата врска со Него започнуваат со едно ветување кое го дал на Авраам и Сара во книгата за Создавање. Тој кажува дека ќе го благослови светот преку нивните следбеници—ветување во крајност исполнето преку Исус.
Но ние луѓето, предвидливо, продолжуваме со непочитување на договорот. Како што Мојсеј зборауваше со Бог, остатокот од луѓето станаа нетрпеливи и се одлучија да прославуваат идоли во форма на статуи. Сепак поради Неговата верност за ветувањата кои ни ги дал, Бог не ги уништува.
На оние кои ќе се покајат им дава друга шанса, додека на оние кои продолжуваат со непослушност и бегаат од Него, добиваат казна.
Преку многу други неуспеси на луѓето, Божјата верност продолжува, со што Неговото ветување е евидентно исполнето преку доаѓањето на Исус.
Па секогаш кога ќе згрешиме или ја промашиме целта, може да се затрчаме кон Бог, благодарни дека нашите неуспеси не ја намалуваат Божјата верност и не нѐ оградуваат од Неговите ветувања.
Моли се: Боже, ти благодарам за твојата верност во текот на мојот живот и што го испрати Исус. Дури кога сум неверен или доживеам неуспех, Ти никогаш не ме оставаш, поради тоа јас те прославувам. Дај ми вид да можам да видам како работиш верно во мене и ја растеш мојата вера во тој процес. Во името на Исус, амин.
Предизвик: Размисли за времињата во твојот живот кога си ја доживеал Божјата верност. Размисли да направиш листа преку која ќе можеш да се потсетуваш почесто.
Опис за овој план
Кој е Бог? Сите ние имаме различни одговори, но како да знаеме која е вистината? Независно кое е твоето искуство со Бог, Христијаните, или црквата, време е да откриеме кој навистина е Бог—реален, присутен, и спремен да те пресретне таму каде што си. Превземи го првиот чекор во овој 6-дневен Библиски План придружно на серијалот од пораки на Пастор Крег Грошел, Бог е _______.
More