Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Патувањето на АвакумПримерок

Habakkuk's Journey

2 ДЕН ОД 6

"Среќавање со Авакум - продолжување"

Мисли од авторот:
1. Што најмногу ти остави впечаток додека ја читаше Авакум глава 1?
Содржи сеопфатна тема за “зошто Бог би дозволил злото да го обземе доброто.“

Ова е едно прашање кое е дел од нашите животи денес. Кога го гледаме светот во кој живееме, често си го поставуваме истото прашање. Сепак, доколку ја кажуваме вистината, ова е погрешно прашање, подоброто прашање би било; што прави Бог преку ова зло?

2. Зошто мислиш дека оваа книга заслужува место помеѓу канонските книги? Што мислиш дека е Божјата цел во оваа глава?

Додека го читам ова веднаш приметувам дека Авакум го испитувал Бог поради тоа што Тој не посредувал. Моите мисли одат во две насоки: како прво, тоа е храбар потег и како второ, зошто Авакум бил толку храбар?

Во оваа глава е демонстрирана Неговата милост и љубов. Ние како Христијани знаеме дека Бог го има најголемиот авторитет над сѐ што се случило и ќе се случи во иднина. Ако го земеме ова во предвид, тешко е да се двоумиме за Божјиот авторитет кога се соочуваме со работи кои не ги разбираме.

Ова е целта на оваа книга. Во ред е да имаме и да поставуваме прашања, дури и на Бог. Бог никогаш не замислил да бидеме роботи без памет кои би се вклучиле некаде само колку да пресечеме некоја торта. Во ред е да го прашаме Бог зошто работите се такви какви што се, и што Тој прави околу тоа што се случува. Неговиот одговор за Авакум не беше во форма на детален план: поентата што сакам да ја кажам е дека Бог знаеше дека ситуацијата не изгледа добро, но Тој ја држел под контрола.

3. Што била најголемата грижа во тоа време?
Граѓанските немири биле насекаде. Израелската нација живеела во страв од Вавилонците чија сила растела постојано, тие само марширале низ нациите и ги освојувале, поради што Израелците се плашеле дека они се можеби следните. Авакум ја гледал соседната држава која ја сметал за измамимничка, нејзиниот просперитет и воен успех. Тешко е да се следи ваква ситуација и да се знае дека Израел е повеќе неправеден отколку праведен, да не ги спомнуваме и Божјите закони кои биле запоставени додека злото било наградувано.

4. Како е ова важечко за ситуацијата во која ние се наоѓаме сега?
Нашата генерација стигна до точка каде линијата помеѓу доброто и злото се замаглени. Горе е доле и мачките си играат со кучињата, што има тука правилно? Кога гледаме што се случува наоколу чувствуваме потреба да испрашуваме, но се плашиме. За некого постои страв да испрашува додека за други е стравот од одговорот кој може да го добијат. Добивката е да разбереме, да одиме и да прашаме, но да знаеме дека Бог не држи во Негови раце и дека Тој има план. Го гледаме непријателот како маршира и Христијаните се нападнати насекаде низ светот, но за нас има светлина. Авакум покажа пример за способноста да се разговара отворено со нашиот Татко. Еден од подароците кои ги добивме преку Исус е, да можеме директно да разговараме со Него за било што во било кое време. Разговарај со твојот Татко бидејки Тој е секогаш загрижен за нештата кои те загрижуваат.

Предизвик:
Прочитај ја книгата Авакум уште еднаш и пробај да ја разбереш пораката на надеж, за нештата кои следат.

Авакум кога го напишал ова, ги гледал деструктивните начини на луѓето околу него и сепак го запоставил Писмото со кое што пораснал. Создавање 50:20 вели, “Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се зачува животот на многу луѓе.” Ова беа зборовите на Јосиф према неговите браќа. Тие го продале како роб и кога повторно се сретнаа, се плашеа од неговата одмазда, но Јосиф никогаш не ја загуби верата во Божјиот план. Во секоја лоша ситуација има и позитивна страна дури и кога не можеме да ја забележиме.
Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Habakkuk's Journey

Овој план е за патување низ времето поминато во обид со Авакум.

More

Би сакале да му се заблагодариме на Томи Л. Камден 2 што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://portcitychurch.org/