СВЕТЛИНАТА - Оживува преку Божјиот прекрасен ОдсјајПримерок
Оживува преку Божјиот прекрасен Одсјај
Опстанокот на многу видови морски желки е во опасност, не поради ланецот на исхрана, луѓето или загадување; туку поради зголемената неприродна светлина покрај брегот.
Бог ги креира морските желки да бидат родени на полна месечина. Кога желките ќе се изведат, светлината на месечината ги води до нивното природно живеалиште - океанот. Животот за морската желка е во водата.
Истражувачите беа зачудени кога најдоа мртви малечки морски желки на крајот на искривени патеки помеѓу патот осветлен од полната месечина и неприродната светлина која што доаѓа од куќи што се околу плажата, светилки и возила. Неприродната светлина
од околината ги одвлече малите желки од светлината на месечината во нивната смрт.
5-Дневното Библиско Проучување Светлина ќе те води до неодоливата светлина на Исус. „Јас сум светлината на светот...светлината која води во живот“ (Јован 8:12). Истата ќе те води до Неговиот Збор. „Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека“ (Псалм 119:105). Ќе ти даде сила ти да бидеш Христовото светло во овој темен свет. “Вие сте светлината на светот ... светите за сите да видат.(Матеј 5:14)
Секојдневно кога читаш, размислувај и примени го Божјиот Збор во твојот живот и ќе бидеш подобро опремен да ја препознаеш неприродната светлина на непријателот, да останеш на Божјиот осветлен пат и да светеш силно за Христос во твојот дом и заедница.
Читај ги стиховиве следните 5 дена, моли за разбирање, и одговори ги соодветните прашања за секој ден.
На основа на овие стихови, како би го опишал Исус?
Што научи за Исус читајќи низ неговите зборови и дела?
Свето Писмо
Опис за овој план
Секојдневно кога читаш, размислувај и примени го Божјиот Збор во твојот живот и ќе бидеш подобро опремен да ја препознаеш неприродната светлина на непријателот, да останеш на Божјиот осветлен пат и да светеш силно за Христос во твојот дом и заедница.
More
Би сакале да му се заблагодариме на NBS2GO, Rebecca Davie и Debbie McGoldrick за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете ја страницата: https://www.nbs2go.com