Бојното поле на умот – Побожност Примерок
Да го добиеме она што го сакаме
Потпри се, верувај и имај доверба во Господ со целото твое срце и ум, и не се потпирај на твојот разум и разбирање. Во сите твои патишта знај, препознај и признај го Него, и Тој ќе те упати, ќе ги исправи и ќе ги појасни твоите патишта. - Изреки 3:5-6
Јас обично знам што сакам, и сакам да го добијам тоа. Јас сум иста како и повеќето други луѓе. Кога ние не го добиваме она што го сакаме, нашите негативни чувства се разгоруваат. (Запомнете дека тие чувства почнуваат со мислите).
“Јас возев низ целиот град за да го купам тој фустан а вие го немате мојот број?”
“Што мислите дека не ви остана од таа марка на телевизори? Го имаше во рекламниот материјал.”
Повеќето од нас се такви – и кога ние не го добиеме она што го сакаме, ги правиме луѓето околу нас мизерни. Тоа не е нешто кое што го учиме во училиште – можеби тоа е вродено.
Како што ги пишував изјавите погоре, си помислив на сцената во продавницата. Млада мајка си ја туркаше количката и застана кај житариците. Нејзиното дете – помалку од 2 години – посегна по кутијата. “Сакам! Сакам!”
“Не,” рече мајката. “Имаме многу од тие дома.” Таа стави различна кутија од житарките во количката.
“Сакам! Сакам!” рече детето. Бидејќи немаше одговор, детето почна да удара со нозете и да вреска. Мајката не му обрати внимание туку ја туркаше количката до друга полица и го отргаше вниманието на своето дете.
Како што гледав на тоа однесување, си помислив, Такви сме сите ние повеќето од времето. Ние решаваме што сакаме, а кога не го добиеме тоа, стануваме гневни.
“Јас и Џек бевме подготвени за истото унапредување. Јас бев подолго во компанијата, и моите продажби се поголеми,” рече Дона. “Јас го заслужив тоа, но тој ја доби работата.”
“Јас имав резултат 98 на мојот финален тест,” рече Анџи. “Ако имав 100 поени, тоа ќе ми дадеше просек 4, и јас ќе бев најдобрата студентка во мојот клас. Но јас добив само 83 поени на тестот и така паднав на петто место во мојот клас. Јас заслужив 100 поени, но мојот учител не ме сака.”
Ајде да погледнеме поблиску на овој проблем. Индивидулаците кои се спомнати погоре, кои не го добиле она што го сакаат, имат една заедничка изјава: “Јас го заслужив тоа, но не го добив.”
Многу често, ние Христијаните очекуваме животот да биде совршен и сé да се одвива глатко за нас. Ние очекуваме успех, среќа, радост, мир, и сé останато. Кога ние сме спречени во нешто тогаш се лутиме и се жалеме.
Иако Бог сака да имаме добар живот, ќе има време кога мора да бидеме трпеливи и да издржиме кога нема да биде по наше. Тие разочарувања го испитуваат нашиот карактер и нивото на духовна зрелост. Всушност тие ни покажуваат дали ние навистина сме спремни за унапредување.
Зошто мислиме дека ние би требало да бидеме први додека другите треба да ја издржат помалата позиција? Зошто мислиме дека ние имаме право на совршен живот? Веројатно некогаш ние мислиме повисоко за себеси отколку што треба. Понизен ум ни овозможува да се повлечеме и да чекаме Бог да нé придвижи нанапред. Божјото Слово вели дека ние ги наследуваме ветувањата преку вера и трпение. Да се верува во Бог е добро, но дали ние можеме да продолжиме да веруваме во Бог, да имаме доверба во Него кога не чувствуваме дека животот е фер?
Сатаната си игра со нашите умови. Повеќе од времето, злиот ни кажува негативни работи: “Ти не го заслужуваш тоа; ти си безвредна, ти си глупав.” Од време на време, како и да е, тој се обидува со различни трикови: Тој ни кажува колку напорно работиме или колку имаме право на тоа. Ако ние слушаме и веруваме, можеме да почнеме да се чувствуваме измамени или да веруваме дека некој не искористил.
Кога ние не го добиеме тоа што го сакаме, се повлекуваме велејќи, “Јас го заслужив тоа!” Не само што се гневиме на шефот, на учителот или на некој друг, но понекогаш ние се лутиме на Бог затоа што не ни го дава она што мислиме дека го заслужуваме.
Најголемата грешка е кога велиме дека го заслужуваме тоа, бидејќи тогаш самосожалувањето доаѓа кога не го добиваме она што го сакаме. Ние можеме да го имаме тој став, или можеме да распознаеме дека имаме избор. Јас можам да изберам да го прифатам животот каков што е и да го направам најдоброто, или јас можам да се жалам затоа што тој не е совршен.
Помислувам на случката со Јона – не за китот – туку што се случи потоа. Тој огласи дека за 40 дена Бог ќе го уништи градот Нинива, но луѓето се покајаа. Бидејќи Бог го слушна нивното викање, Јона беше гневен. “А сега Господи, земи ја душата моја од мене зошто подобро е за мене да умрам отколку да живеам” (Јона 4:3).
Тажно нели? Јона повеќе сакаше да биде во право отколку да види 120 илјади луѓе како се спасуваат. Нашата ситуација обично не е толку драматична, но многу луѓе повеќе би сакале да си седат и да се чувствуваат јадно, да го слушат шепотењето на сатаната, да пропуштат нешто од Бог отколку едноставно да веруваат на Бог во секоја ситуација.
Тајната на Христијанскиот живот е дека ние се посветуваме себеси целосно на Бог. Ако ние ја предадеме нашата воља на Бог, она што ќе се случува нема да не прави гневни. Ако Бог не ни го даде тоа што го сакаме и што го молиме, нашата вера е доволно силна да каже, “Не мојата воља, туку Твојата Господи.”
Боже помогни ми. Често имам силни желби, и кога не го добивам она што го сакам, јас се вознемирувам. Прости ми. Потсети ме дека Исус не сакаше да умре на крстот, но Тој живееше во целосно покорство на Твојата воља. Те молам, преку Исус Христос, да ми помогнеш да живеам во целосна покорност и да бидам задоволна со она што Ти ми го даваш. Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Ова побожно поучување ќе те опреми со инспирации на надеж за да го совладаш гневот, забуна, осуда, страв, сомнеж и.т.н. Овие согледувања ќе ти помогнат да го откриеш заговорот на непријателот да те збуни и да те излаже, да се соочиш со деструктивните мисловни модели, да најдеш победа во трансформирање на твоето мислење, да стекнеш сила, охрабрување и најважно, победа над секоја битка во твојот ум.
More
Би сакале да им се заблагодариме на министерствата на oyојс Мејер што го обезбедија овој план. За повеќе информации, посетете: https://tv.joycemeyer.org/macedonian/